селани

Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом- КИЦ Битола во 20.00 часот ќе биде отворена тематската изложба на фотографии во рамки на одбележување на јубилејот 20 години АРТ ПОИНТ – ГУМНО:

Ероу Рос, САД: ПОСЛЕДНИТЕ СЕЛАНИ

poslednite selani instagram i fb

Американскиот фотограф со данско потекло и светска репутација Ероу Рос беше еден од првите гости на уметничката резиденција на АРТ ПОИНТ – ГУМНО во с. Слоештица. За време на неговиот едномесечен престој во селото, есента 2005 година, тој буквално го документираше животот на едно македонско село. Во рамките на т.н. ПРИКАЗНА ЗА ЛЕБОТ, како што беше наречена неговата фото-авантура во Слоештица која според него е „вистински рај за фотографирање“, Рос  направи и серија портрети на жителите, оние што беа вечна инспирација и за Петре М. Андреевски. Во една прилика Петре ќе каже: „Овдека се сите луѓе, сите пејзажи, сите простори што влегле во мојата поезија и без кои не знам за што би пишувал“.

6 Vojne

Портретите на ПОСЛЕДНИТЕ СЕЛАНИ ќе бидат во фокусот на оваа тематска поставка што е дел од серијата изложби со кои меѓународниот центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО го одбележува 20 годишниот јубилеј.

На отворањето ќе бидат прочитани и стихови инспирирани од Македонија и Слоештица од американскиот поет, сликар и музичар Дик Робертс, а присутните ќе можат да видат и две оригинални изданија посветени на жителите од Слоештица: “Faces” („Лица“) од американскиот уметник Сет Ладман и “Village Treasures” („Скапоценостите на селото“) – дневникот на Џун Тилден, придружничката на Ероу Рос во Слоештица.

Ирена и Сергеј Андреевски 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…