woman 5450043 1280

Во минатото Кинезите обесувале поговорки од двете страни на главниот влез на куќата или во ходникот. Целта, главно, не беше украсна, туку ги потсетувала на нешто – важноста на оптимистичкиот однос кон животот, нивните предци, нивното однесување или грешките што ги направиле во минатото. Оваа прекрасна традиција сè уште се практикува во некои кинески семејства.

Многу може да се научи од старите кинески поговорки и во современиот свет. Не мора да ги обесувате на влезот од куќата, туку обидете да примените нешто од нив:

  • „Ако сте трпеливи во еден момент на лутина, ќе избегнете стодневна тага“.
  • „Ако сакате да престанете да пиете, гледајте пијан додека сте трезни“.
  • „Бидете внимателни кога посакувате нешто. Можеби ќе се оствари“.
  • „Доброто фрли го во водата, водата ќе ти го врати“.
  • „Виното не го опива човекот, туку самиот човек се опива“.
  • „Повредно е да ги знаете квалитетите на вашиот непријател отколку вашите грешки“.
  • „Враната е насекаде подеднакво црна“.
  • „Децата се огледало на нивните родители. Животот на детето е како парче хартија на кое секој остава белешка“.
  • „Животот е само мост. Не гради куќа на мост“.
  • „И убавите цвеќиња се убави само за некое време“.
  • „Кој ја бара вистината мора да знае како да ја поднесе“.
  • „Мислата е слична на копање бунар: водата на почетокот е заматена, но полека се чисти“.
  • „Младоста предлага, староста одложува, средината извршува“.
  • „Не биди мрзлив бидејќи мрзеливоста е најголемиот непријател на доблеста“.
  • „Не паѓа секое дрво со првиот удар“.
Времето кое го поминуваме со миленичиња може да биде драгоцено, вели Фројд
Времето што го поминуваме со миленичиња дефинитивно ни помага да се чувствуваме …
Колку сте подлабока личност, толку ви е потешко да пронајдете некого
Длабоката личност е интензивна. Може да биде и малку застрашувачка – затоа …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…