Еден психолог им го одржа следното предавање на своите студенти:
„Секојдневно се соочуваме со предизвици и пречки, кои ни помагаат да растеме и кои нè дефинираат. Но, кога ќе навлезе стресот, тоа може да ги направи работите целосно невозможни. Тоа дури може да нè парализира и да нè спречи да правиме работи што треба да се направат “.
Потоа истури вода од бокал во чаша и ги праша неговите студенти:
„Колку е тешка оваа чаша вода?
Студентите дадоа различни одговори:
„Два децилитри“, рече еден студент, проследено со низа одговори: „Три децилитри“, „Пет децилитри“, „300 грама“.
Професорот одговори:
„Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Зависи колку долго ќе ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, раката ќе почне да ме боли. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани и ќе бидам парализиран. Значи, тежината на чашата не е променета, но колку подолго ја држам, станува потешка. Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако размислите за нив некое време, тогаш тоа не е проблем. Ако размислите малку подолго, тогаш почнува да ве боли. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и нема да можете да правите ништо друго.
Запомнете: Спуштете ја чашата! “