dlub izlozba

Поглед преку… е изложба која ја истражува перцепцијата на околината обликувана од разновидни филтри создадени од природните феномени, историјата на уметноста, идеализацијата на славните, обвиткани од технолошкото достигнување кое настојува да ја конзервира актуелната состојба на сèона што ќе опфати. Во делата преовладува ригидно смирение кое си поигрува со емоциите на оној што го упатува својот поглед таму. Се губиме во едно бескрајно набљудување, заинтригирано од интимноста на отсликаниот момент.

Вангел Срнаков, роден 1975 година во Гевгелија. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија–ДЛУГ. Еден од основачите на здружението Мултимедиа центар Гевгелија, а од 2011 година и претседател на истото.

Групни изложби: од 2006 сите изложби на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија- ДЛУГ, од 2007 сите изложби на Мултимедиа центар Гевгелија – ММЦ, 2013 „Во рамката” ММЦ, Скопско лето 2013, Скопје, „Show Your Hope”– Патувачка меѓународна изложба, 2017 „Paratissima 2017”, МКЦ, Скопје, „Несовршен простор”, Галерија Музеј- Струмица, 2018 „Canova prize”, Њујорк, САД, „Женскиот модел во ликовната уметност”, Галерија Музеј-Струмица, „Lessedra Gallery”, Софија, Бугарија Илустрации за книгата „Јужен глас” на Лилјана Пецова Илиеска, 2019 „Мултикултурна изложба” Отава, Канада и Вашингтон, САД, 2020 „Автопортрет во самоизолација” – Транзен Струмица, Мурал „Човек-природа-цивилизација” БОШ фестивал Гевгелија 2021 „Plastic” заедничка изложба со Христина Георгиева, Гевгелија, 2022 Илустрации за книгата „Алгоритмеа” на Стефан Марковски Самостојни изложби: 2015 ликовна галерија „Амам” Гевгелија, 2016 Центар за дизајн и иновации „Јавна соба” Скопје, 2019 „Дуализам – единство на контрастот” Пионерски дом Гевгелија, Галерија КО-РА, Дом на култура „Кочо Рацин” Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…