Untitled 1

Книгата 40 Фејсбук приказни од Александар Гулевски е објавена во 2020 година. Таа е збир од белешки на авторот, објавувани на неговиот фејсбук профил. Поучни, добронамерни, зборови преточени во мудрости кои замислуваат, инспирираат…

Бунар

петок, 27 ноември 2009 во 19:12

Пред некој ден, во едно село, се случил необичен настан. Имено, на еден селанец му паднало магарето во длабок бунар. Со часови
животното се мачело и рикало од бунарот, но залудно. Селанецот не можел да смисли начин како да го извади оттаму. Најпосле, донел
одлука. Магарето е и онака старо, ќе го затрупа во бунарот.
Се собрале сите соседи за да му помогнат и почнале да фрлаат земја и ѓубре во бунарот. Магарето сфатило за што станува збор и за-
почнало уште повеќе да рика. По извесно време сосема стивнало. Од бунарот повеќе не се слушало рикање и сите присутни се зачудиле.
Селанецот се доближил до работ на бунарот за да види што се случува и не можел да се изначуди. Се восхитил на ритуалот што го правело магарето. Кога селаните ќе фрлеле земја и ѓубре во бунарот, тие паѓале точно на грбот на магарето, а тоа, инстинктивно, сето тоа го тресело понастрана од себе. И така, со секоја лопата земја и ѓубре фрлени во бунарот, тоа се искачувало скала по скала погоре, сѐ додека слободно, со малку напор, не изрипало само од бунарот, наочиглед на сите присутни.

Така е и во животот. Кога ќе се најдеме во неволја, тогаш сме како магарето во бунарот. Врз нас фрлаат и земја и ѓубре, нѐ затру-
пуваат, а ние викаме и очајуваме. Клучот за излегување од таквиот бунар е во силата сето тоа ѓубре да го истресеме понастрана од себе и
храбро да се искачуваме по скалите нагоре. Секоја наша потешкотија е, всушност, скала. Можеме да излеземе и од најдлабокиот бунар, но
само со упорност. Без откажување. Затоа, не чекајте, истресете го ѓубрето од себе и ете сте на следното скалило. А колку скалила има? Не
знам. За тоа можеби ќе зборуваме другпат…

Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…