библ

Во рамки на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“ во кој е вклучена НУ Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ Битола започна да се истражува за ромските бајки. Целта на анкетирањето е да ги истражиме ромските бајки, откриеме како тие ја збогатиле културата, што знаат за потеклото на ромските бајки, како се зачувани ромските приказни, дали сметаат дека ромските народни приказни се важен дел од ромската култура и зачувавање на ромската култура, дали веруват дека ромските народни приказни играат улога во пренесувањето на вредностите и моралните принципи во ромската заедница и уште многу прашања и одговори. Секое прашање ќе даде одговор и целосна поддршка за зачување на ромскиот јазик и културното наследство бидејќи Ромите имаат многу малку пишани бајки. Малиот број кој сè уште постои е зачуван од раскажувачите и усно посредуван. Анкетираните граѓани, експерти, наставници, познавачи на ромската култура ќе помогнат во зачувувањето на ромските културни богатства и споделувањето на нивната мудрост со светот. Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…