humanitaren

Здружението за афирмација на култура, екологија и рурален туризам КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево објавува хуманитарен литературен конкурс „Ѕвездите светат бесконечно” во чест на загинатите, повредените и хероите од трагедијата во Кочани.

Проектот „Ѕвездите светат бесконечно” е литературен конкурс од хуманитарен карактер. Целта на проектот е да се објави збирка книга од проза и поезија, посветени на прерано загинатите животи во трагедијата во Кочани, поврдените и на големите херои кои го жртвуваа својот живот за да спасат сè повеќе другари, роднини, сограѓани, кои со ова дело засекогаш ќе бидат запаметени во нашата колективна свест.

Средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани на сметката на „Црвен крст“ – Кочани.

Правила за учество во хуманитарниот литературен конкурс:

1. На конкурсот може да учествуваат лица над 16 години;

2. Конкурсот е за проза и поезија. Односно: проза (есеј или расказ) и поезија (песна);

3. Есејот или расказот треба да имаат најмногу 1000 зборови, а песната најмногу 20 стиха;

4. Творбите да бидат напишани на WORD документ со македонска поддршка, фонт 12;

5. Освен творбата потребно е да се наведат следните информации: име и презиме, населено место и телефон;

6. Секој автор има право само на една сопствена творба;

7. Авторските творби се праќаат на емаил: kulturenmanifestkr@gmail.com, со ознака: За хуманитарен литературен конкурс “Ѕвездите светат бесконечно”;

8. Секој учесник треба да плати котизација од 300 денари за учество,  средства кои ќе бидат наменети за кофинансирање за издавање на збирката;

9. Творбите треба да се однесуваат на темите: надеж, хуманост, соживот, непребол, спомен за нашите најголеми херои, оние кои за жал ја изгубија најголемата животна битка, кои сè уште се бораат и тие кои спасуваа.

10. Авторите се должни да ги испратат своите творби во периодот 01.05.2025 – 31.05.2025 година.

Начин на уплата:

Жиро сметка 240200117302119 Уни банка

цел на дознака: хуманитарен конкурс

По печатењето на творбите секој вклучен автор ќе добие по еден примерок од книгата, на настан кој ќе биде посветен на жртвите и хероите на трагедијата од Кочани.

Подетални информации за хуманитарниот литературен конкурс „Ѕвездите светат бесконечно” може да добиете на:

Фејсбук страна

Емаил: kulturenmanifestkr@gmail.com

Мобилен: 076449665 – Марија, 071204249 – Јасмина, 078741142 – Никола, 076265605 – Валентин.

Нека хуманоста биде нашиот најголем трофеј.

Oвoј наш живoт нe e жeтва туку сeидба, и труд, и пoт, и страв – Петровден, денот посветен на Светиот Апостол Петар
По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да …
Собирајте моменти, а не предмети
За повеќето луѓе, парите се ограничен ресурс. Сепак, економистите се согласуваат дека …
LOGO HOTEL MOLIKA
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…