tamara toni

Четиринаесетгодишната Тамара Грујеска од Гостивар, полуматурантка и веќе афирмирано име на детската музичка сцена, продолжува да ја гради својата интернационална кариера со нови блескави успеси.

На престижниот фестивал Tallinn Voice во Естонија, Тамара освои две први места – во поп категоријата и категоријата светски хит, а ја понесе и највисоката награда на фестивалот – Гранд При Џуниор! Фестивалот се одржа во конкуренција од околу 300 учесници од 17 држави, а Тамара повторно го покажа својот исклучителен талент.

tamara toni 9

„Прекрасна сала, прекрасна држава – Талин беше вистинско доживување. Тамара е навистина талентирано девојче, кое каде и да настапи добива награди, признанија и нови покани. Монако, Монте Карло, Сан Ремо – тоа се само дел од местата што веќе го препознаа нејзиниот потенцијал,“ вели Алексовски.

tamara toni 1 e1747077284418

Само неколку дена претходно, таа настапи и на меѓународниот натпревар Сан Ремо Џуниор, каде што се натпреваруваа учесници од 25 земји – и освои високо трето место, носејќи уште една важна интернационална признание за Македонија.

Успесите на Тамара не застануваат тука. Таа беше дел и од Детската Евровизија во Ница (Франција), настапи на интернационалниот фестивал во Белград каде освои Гран при, како и на фестивалот во Нафлио, Пелопонез (Грција), од каде исто така се врати со Гран при награда. Веќе две години е дел од фестивалот MUSICLAND, каде настапува заедно со Камерниот оркестар на Битола.

Моментално, Тамара се подготвува за нов настап на MUSICLAND, а во подготовка е и нова песна со видеозапис. Во план се и неколку други интернационални гостувања.

Музичкиот педагог Тони Алексовски, кој беше дел од жирито на фестивалот во Естонија и веќе има искуство како член на жири на околу 50 меѓународни фестивали, вели дека ова било 58-мо интернационално гостување на претставниците на MUSICLAND и ТРА ЛА ЛА надвор од границите на нашата држава.

tamara toni 6 e1747077404866

Следната дестинација е Валона, Албанија, каде од 22 до 25 мај ќе се одржи нов музички фестивал, а Македонија ќе ја претставува Евгенија Ристевска, дел од фестивалот ТРА ЛА ЛА. Потоа следи гостување во Португалија, како и подготовки за 25. издание на интернационалниот фестивал MUSICLAND, кој ќе се одржи од 13 до 17 август во Охрид и Битола. Најдобрите учесници ќе настапат на завршниот концерт на 16 август во Центарот за култура во Битола, заедно со Камерниот оркестар на градот.

Алексовски вели дека оваа година на Musicland се очекуваат учесници од околу 20 држави.

meblo trejd
Триото Интерарт настапи во Рим – македонската камерна музика на сцената на Teatro di Marcello
Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде …
Три европски дестинации за незаборавно есенско патување
Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…