viber image 2023 08 16 20 08 01 474 1024x768 1

Светскиот детски ликовен конкурс кој 36 години по ред го организира регионалната канцеларија за култура на Газиантеп гувернерот под покровителство на Министерството за култура и туризам на Република Турција ги објави резултатите за 2025 година.

viber image 2025 05 10 09 51 23 331

На конкурсот пристигнаа 15.000 детски цртежи од 4О земји од цел свет. Меѓународната жири комисија составена од еминентни професори и ликовни педагози на оваа престижна манифестација со долгогодишно реноме имаа полни раце работа.

„Конкурсот во Газиантеп ни е поприлично битен. Впрочем ние имаме сериозен пристап кон сите конкурси без разлика дали се тоа ново формирани или постојат и над половина век. За нас е позитивно што изминатите пет години а особено по минатогодишниот успех на јубилејот 35 години постоење учеството повторно вроди со одлични резултати и успех.

viber image 2025 05 10 09 51 23 348

Впрочем минатата 2024 година на овој конкурс имавме еден сребрен и 2 бронзени медали па овој успех само по себе говори дека напредуваме и тоа прилично солидно кон негата на ликовниот талент кај младите уметници.

viber image 2025 05 10 09 51 23 376

Сега за 2025 година имаме 4 медали а шест наши ученици се добитници на Покана за изложбата која ја генерира резултатот од овој светски детски ликовен конкрус а реализира организаторот во Газиантеп и потоа истата патува низа цела Турција.

Оваа година со златен медал во категоријата ученици од 13 – 19 години е награден членот на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола – Ана Полизовска. Со сребрени медали се наградени Јана Талеска [ категорија на ученици од 3 – 12 години ] и Јована Василевска [ категорија на ученици од 13 – 19 години] додека со бронзен медал е наградена Сара Сотировска [ категорија на ученици од 3 – 12 години ].

Членовите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кои добија посебни Признанија со Покана за учество на изложбата се Димитра Филиповска, Мила З. Спиркоска , Нина Пешевски, Стефанија Јошевска и Марија Миленковска во категоријата на ученици од 3 до 12 години како и Сирма Спиркоска во категоријата на ученици од 13 – 19 години.” – изјави Славчо Неделковски – претседател на УО при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Не ги прашувај луѓето колку те почитуваат – тоа се гледа на нив
Не мораш да ги прашуваш луѓето колку те почитуваат – тоа се …
Магијата на филмот оживеана во музика – незаборавен концерт на Кирил Џајковски
На 16-ти јуни, во Националната опера и балет, Кирил Џајковски одржа целовечерен …
Водовод Битола

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…