Messenger creation 1C2A14A4 40F5 4F6B A1A2 2F5D8F6B7377

Од 17 до 23 мај, Битола ќе биде домаќин на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, културен настан кој веќе четврт век ја афирмира моќта на индивидуалната актерска изведба и ја поврзува домашната со светската театарска сцена.

Годинава, фестивалот ќе понуди 10 монодрамски претстави во официјалната програма, со учесници од 9 држави: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, Киргистан, Грузија, САД, Романија и Бугарија. Отворањето и затворањето ќе се одржат во Народниот театар Битола, додека останатите претстави ќе се играат во салите на Центарот за култура.

На отворањето ќе биде изведена „Д (Како Дездемона)“, во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, а на затворањето публиката ќе ја проследи „Куфер.мк“, монодрама на актерката Соња Михајлова, која годинава е добитничка на наградата за животно дело од фестивалот „Војдан Чернодрински“.

1000006402

На денешната пресконференција селекторот Благој Мицевски посочи дека интересот за учество секоја година расте, а годинава се пријавиле околу 50 продукции. Во натпреварувачкиот дел се селектирани 10 претстави, од кои две се македонски.

Претставите се жанровски разновидни – од класични драмски дела до современ и документарен театар, со силен акцент на актерската трансформација и моќта на раскажување преку еден лик.

Жирито во состав Рисима Рисимкин (Македонија), Емре Ердем (Турција) и Лаша Чхартишвили (Грузија) ќе ги додели наградите за Гран-при, најдобар актер и најдобра режија.

1000006401

Во рамките на фестивалот е предвидена и богата офф-програма:

  • Статуи на Широк Сокак
  • Драмска работилница за деца и млади
  • Театарска работилница на американскиот актер Роналд Ранд
  • Промоција на монографијата 1/4 век Интернационален фестивал на монодрама – Битола
  • Панел-дискусии: „Монодрамата како мост меѓу културите“ и „Aлма Малер“

Визуелниот идентитет на фестивалот е дело на дизајнерот Сашо Илковски, а годинашниот слоган е: „Еден збор – еден свет“, што ја рефлектира суштината на монодрамата како уметност што зборува со една актерска интерпретација, но допира до многу светови.

1000006404

Организатори на фестивалот се НУ Центар за култура – Битола, со поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија, Општина Битола и Народниот театар Битола.

Фестивалот на монодрама останува верен на својата мисија да го негува театарот како средство за културна размена, уметничка експресија и лична трансформација.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…