humanitaren bazar na

„Хумана жена“ е мототото на базарот кој го организра  книжарницата Book’s House во Битола во соработка со неколку фирми кои ја поддржуваат општествено-хуманата дејност преку која барем  малку им се олеснува животот на нашите граѓани.

Собраните средства од базарот ќе бидат донирани во семејства каде едниот родител се соочува со болест или телесна попреченост и на деца на кој им е најпотребна помош.

На 4 март  во сабота од 10 до 15 часот, поканети се сите битолчани и добронамерни минувачи во книжниот салон.

Јулијана Делев, сопственичка на Book’s House вели дека засега интересот за помош е голем, а на прашањето што ја мотивира да  организира базар – „Самото мото говори – хумана жена, неопходно е да се поддржуваме едни со други, не знаеме што ни носи животот, но според мене и денес и утре треба да бидеме луѓе, а како ако не си помагаме едни со други кога си сме најпотребни“.

На постерот можете да погледнете чии производи ќе можете да ги најдете на базарот.

viber image 2023 03 02 08 18 48 628

Е сега, не мора многу, кој колку може – битно е да сфатиме дека љубовта кон ближниот се покажува преку дела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…