330372345 519539276789788 2938878303509490145 n

„Наша вечер“ беше насловен поетско-музичкиот перформанс на српскиот глумец Иван Босиљчиќ кој се одржа на големата сцена на  НУ „Центар за култура“ – Битола.

Светот буквално се тресe на сите страни. Руската книжевност, култура и уметност се понижени како непожелни, а големата вистина е дека без рускиот културен профил  – светската цивилизација ќе беше многу неосвестена.

329115524 1886443088421440 7457633556290506563 n

Она што особено е убаво за слушање и за гледање во перформанскиот израз кај Босиљчиќ е сценската умереност , а сепак успеа со ист сензибилтет да ја долови руската меланхолија, ромската ведрина кон животот, српската витешка поезија и како круна на сѐ „Две тишини“ на Анте Поповски, „Тајно моја“ на Тоше, „Ако одам во Битола“ на течен македонски јазик, што е редок случај кај странските изведувачи.

Босиљчиќ на македонската јавност најмногу ѝ е познат по филмовите на Здравко Шотра снимени според романите на Милица Јаковлевиќ : „Ранетиот орел“, „Гревот на нејзината мајка“, „Непобедливо срце“ во кои доминира  описот на една длабок, суптилен и организиран човечки однос, од кој за жал сега имаат останато само ситници на ова секогаш раздрмано балканско тло.

Босиљчиќ е интелигентен глумец кој умее да пее, но сиот негов квалитет на површина го извлекува всушност онаа негова харизма со која има моќ да ја оживее буквално сцената и никого во публиката да не остави рамнодушен – тоа е посебен божји дар.

„Да зборувам и човечки и ангелски јазици, а да немам љубов, тогаш би бил бакар што ѕвечи или кимвал што ѕвечи. Да имам дар за за прорекување и да ги знам сите свети тајни и да го имам сето знаење и сета вера, така што и планини да преместувам, а љубов немам, ништо не сум…. (Коринтјаните 13:1-7)

Не е мала работа почетно место во перформансот да имаат зборовите на Апостол Павле, за да продолжи Босилчиќ парфразирајќи го Достоевски „Убавината ќе го спаси светот“ .

Се сеќавате на Есенин, поетот кој  ревносно ја бранеше поезијата од световното во светот:

 Дали си жива, старице моја?

Синот твој живее и поздрав ти праќа.

Ноќе над колибата твоја

И натаму нека блеска онаа чудна светлина.

Репертоарот на перформансот изобилуваше со песни и стихови кои не припаѓаат на консумеристичкиот табор, туку се извлечени од колективната  меморија, стиховите од песните „Враголије“ на Бранко Радичевиќ,  „Све што знаш о мени“ – Арсен Дедиќ, „На дан њеног венчања“ – Велимир Рајиќ,  „Душо моја“ – Кемал Монтено, севдалинката „Жуте дуње“, „Да су ме украли цигани“ – Арсен Дедиќ,  легендарната песна на Влатко Стефановски „Gypsy Song“, „Чекај ме и јас сигурно ќе дојдам“ – легендарна песна која ја напиша во 1941  среде боиште Контантин Симонов и „Другарска песма“ – Мирослав Антиќ,  „Очи чорније“, стихови на Есенин и  други уметнички раритети кои никогаш нема да ја изгубат вредноста.

Реакциите на публиката беа бурно позитивни. Некои за миг се вратија во младоста од минатиот миг, кога се додворуваа преку писма и на познатите игранки во Битола со тогашните младински оркестри, кога со една песна се плаќаше цела тура во кафана…Кога се рецитираше поезија и се дискутираше за поезија, е тоа време беше нечие „Наше време“.

Иван Босиљчиќ е пример колку природноста и непосредноста се битни при контактот со публиката.

330350703 1367567440762971 7458168739668335881 n

Неопходно е да се погледне и од другата страна, сцената ја бара душата на уметникот, бара да биде обземена од него за да го прикаже во сета негова величина, а не само влез и излез.

326270051 574524910788428 2055822843167145426 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…