Битола денеска беше домаќин на третата по ред манифестација Саем на македонска традиционална храна „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружението за едукација на земјоделците „Зелена берза“.

саем 8

Саемот на кој учествуваа околу 25 излагачи беше помогнат од Министерството за земјоделие и имаше за цел да го промовира малиот локален земјоделец, производител на здрава храна и поддржувач на традиционалната македонска кујна.

саем 4

„Храната од ситните земјоделци не само што е здрава, туку е и поевтина од маркетите и поприфатлива за семејниот буџет во услови на економска криза. Никој веќе не сака храна со хемикалии и пестициди, туку овошје и зеленчук произведени во малите бавчи и овоштарници и органски третирани. Домашно сирење, биено сирење и кашкавал поздраво и поевтино од маркетите.  И не само ова, туку храната приготвена од нашите земјоделците, вештите раце на руралните жени кои најдобро ја претставуваат  традиционалната македонска кујна каде има селско зелниче, мазниче, питулици, зимница, ајварче, џем и сокче од сезонско овошје. Оваа храна се повеќе е на цена, дури сега во овие услови ја добива вистинската вредност“, рече Олгица Трендафиловска, претседател на ЗЕЗ  „Зелена берза“ Битола.

саем 3

Учесниците на саемот од пелагонискиот, охридскиот и скопскиот регион беа децидни дека нивната храна почна вистински да се цени и се повеќе да се бара во услови на економска криза. Сега индивидуалните земјоделци и не мора да одат на пазар, храната им се нарачува преку Фејсбук и Инстаграм, а потрошувачите дома ја добиваат преку доставувачи на пратки.

саем 6

Александра Лозановска од Демир Хисар е регистриран земјоделец, пред се претприемач и основач на „Моја бавча“, производител на домашна, органска храна. Лозановска е дипломиран машински инженер на Техничкиот факултет во Битола, но како што вели и покрај тоа што се занимавала со многу работи во својот живот, никогаш не нашла работа според дипломата. Затоа пак, во последните три години се занимава со производство на органска храна, зеленчук, овошје и билки. Од нив прави блага и солена зимница со неверојатни вкусови. За нејзините производи нема потреба од реклами или пазар, купувачите ги нарачуваат преку социјалните мрежи за пристапни цени.

„Се сами произведуваме од семка до готов производ во тегла. Идејата ни беше дека секој еден наш граѓанин може да дојде до здрава храна, а не само ние од село. Ги ‘засукавме’ малку повеќе ракавите, бидејќи производството бара повеќе труд и стигнавме до продажба. Се се исплаќа ако нудиш нови идеи и вкусови. Се е органско од мојата бавча, и зеленчукот и овошјето и билките. Правам ајвар и традиционална зимница,  посебни џемови од домат, благо со пиперка и темно чоколадо. И сето ова го нудам на социјалните мрежи и завршува на вашите трпези, вели Лозановска.

Претприемачкиот дух на оваа наша рурална жена отишол и чекор понапред, па таа стапила во контакт со туристички агенции, кои странските туристи ги носат во Демир Хисар, за сами да видат како се произведува овошјето и зеленчукот. Сами да си наберат  од бавчата и кај Александра во дворот да си зготват ручек со органски намирници.

саем 4

Виолета Јанеска, пак,  од селото Бистрица обработува два хектари овошни насади и дел од производството и е наменето за  правење  на џемови и природно цедени сокови. Вели дека мајките ги купуваат нејзините сокови за децата, оти знаат дека се само од чисто овошје и малку шеќер, па ги складираат за зимница. Цените се достапни за сечии џеб , вели таа.

„Има разлика од храната што ќе ја купите во маркет и оваа нашата собрана од бавча, па на трпеза. Нашите производи немаат конзерванси и ништо што би било штетно по здравјето. Купувачите веќе знаат што сакаат да консумираат и веќе ме наоѓаат на Фејсбук, по групите за храна, сега така одат работите, веќе не мора да одиме на пазар“, вели Виолета.

Производство на органска храна и подготовка на традиционална македонска храна веќе е избор и на битолски пензионери, кои по пензионирањето си заминуваат на село и произведуваат храна.

Една од нив е Верица Бутлевска од „Вила Бутлевски“ која на потегот меѓу потпелистерските села Кажани и Ѓавато почнала да произведува овошје и зеленчук и да подготвува здрава храна за најавените гости.

„По пензијата почнав да се занимавам со земјоделие, од семе до готов производ. Луѓето поминуваат и прашуваат дали имаме домати, пиперки и си купуваат директно од бавча. Самите гледаат дека е природно, убаво, без хемикалии. Од планината бериме и печурки вргањ, и готвиме се што ќе посакаат. Не бараат на социјалните мрежи и си продаваме. Од градска станав земјоделец “, вели Бутлевска.

Саем 2

На саемот се  претставија и производители на домашни тестенини, домашно пиво, мед и сирење, а можеше да се вкуси и козјото сирење на Давид Неделковски од селото Раштак. Со вкусни традиционални рецепти  се претставија и вештите жени од Организација на жени Битола како и од Здружението на жени „Силата на бабата“ од општина Новаци.

Зелена берза

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…