таки 3

Мудрите рекле дека големината на еден човек се мери според големината на неговата душа и широчината на неговото срце. А колку децата со својата големина, широчина и чистина на душата умеат да ни одржат лекција за хуманост на возрасните, тоа го покажаа во овие празнични денови на дарување токму учениците од градежно-архитектонската струка при СОУ „Таки Даскало“ Битола.

таки 2

Токму учениците од градежно-архитектонската струка, поттикнатти од своите професори по градежни и архитектонски стручни предмети, изградија мостови на солидарност и хуманост, и во овие празнични денови на дарување, ни подарија бесценети мигови и пример на хуманост, солидарност и безрезервна љубов.

таки 7

Учениците од градежно-геодетската струка (градежен и архитектонски техничар) беа вклучени во проектот волонтерство за хумани цели под мотото “И НАЈМАЛИОТ ПОДАРОК МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ШИРОКА НАСМЕВКА”, кој траеше во периодот од 18.12.2022 до 29.12.2022 година.

таки 4

Целта на проектот беше подигнување на свеста кај учениците за емпатија, солидарност, одговорност и хуманост.

таки 3

-Иако изминатиот  период беше исполнет со многу предизвици, одговорности и неизвесности, сите учесници посветено, безрезервно и со многу љубов работеа на терен, во маркетите каде ја спроведуваа хуманитарната акција,  заедно со  хуманите граѓани на Битола, со една цел – за момент да предизвикаат топлина и радост во детските срца. Со срце и душа учениците и хуманите граѓани на Битола, донираа производи со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на децата и да измамат насмевка на детските лица – рече еден од професорите од градежно-геодетската струка.

таки 6

-Како просветни работници знаеме дека сме ја постигнале вистинската цел кога ќе видиме дека во детските души сме вградиле вистински вредности  и сме измамиле насмевка на детските лица, и со тоа сме ја постигнале светата просветителска мисија, сме им ги просветлиле душите и сме им вградиле вистински вредности на децата да бидат хумани, човечни и доблесни – истакна еден од професорите вклучени во хуманитарната акција.

Сите производи и парични средства кои беа донирани во изминатите денови, се подарени во домот за деца без родители и децата од ранливите категории.

таки

-Од името на професорите и учениците од градежно-архитектонската струка сакаме да искажеме голема благодарност до учениците кои се вклучија во хуманитарната акција, до сопствениците и вработените на маркетите и на сите хумани граѓани кои придонесоа во реализацијата на проектот. Упатуваме бескрајна благодарност и до вработените и децата од домот за деца без родители за топлиот пречек и времето поминато со нас. Воедно, на сите им ги честитаме новогодишните и божиќните празници – истакна еден од  професорите од градежно-геодетската струка, кои од разбирливи причини не сакаат да се експонираат во јавноста, зашто акцентот и целта на хуманитарната акција беше промовирање на хуманоста, хуманите вредности и солидарноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…