Веќе четиринаесет години, Фестивалот на музика од светот не весели со најшарената понуда на музика од светот. Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени цели фестивали. Таков е и овој во Битола, кој на две локации годинава ќе понуди музика од различни меридијани. Годинешното издание се создава под слоганот „Време е за светскиот звук, дома. Дојди, откриј нова музика„ со која организаторот, Центарот за култура од Битола сака да го привлече вниманието на пошироката публика, особено новите генерации со цел да ги поттикнат во правец на откривање на различни музички традиции, како и кон авторска музика инспирирана од најразлични културни наследства.

315523444 452196903755390 7784892849375278268 n

„Од фадо звуците на брилијантната интернационална ѕвезда, португалката Јаоана Амендоира која доаѓа со нејзиниот бенд на отворањето, преку еден поинаков звук на Балканот споен преку Фонтана која негува традиционална македонска музика, збогатена со звуците на Битолскиот камерен оркестар IWConnect и гостите Даница КРСТИЌ вокалистка на Балканика од Србија, Ангел Демирев на гитара од Бугарија и нашата домашна ѕвезда со светска слава Џамбо Агушев на труба, до фузијата на џез и современа музика на Лилит, разиграниот и сосема свој звук на Фолтин, до електрониката на белградското ДЏ дуо Luton & Šćepine Vragolije„ – истакна Маја Андоновска Илијевски на денешниот прес.

315319410 597072492220330 3024100441601622328 n

Ова е богато поднебје на сокриени музички традиции кои се одржале низ вековите и токму заради тоа богатство да се донесат врвни музичари од светот со своите локални звуци е голем предизвик. „Од традиционален звук, преку музика на артисти кои имаат оригинален и необичен пристап на традиционалниот материјал, до време и простор за светска музикичка журка, овој фестивал е навистина посебен и за нас е чест што годинава сме во неговата програма.

315531095 820972095841107 2765098105195364259 n

Ветуваме неверојатен спој на балканскиот израз, опоен и движечки со нашите гости во вечерта кога со Камерниот оркестар ќе напрвиме мала, посебна целина во овие три дена кои ја слават музиката од светот„ – им изјави на новинарите Благојче Трајковски од Фонтана бендот. Партнер на офф програмата е Клубот Јагода кој традиционално стои како организатор на музичката агенда во овој програмски сегмент, а фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и неколку приватни локални компании.

meblo trejd cesmi во боја
Со ликовна изложба започна одбележувањето 65 години МНД – Битола
Македонското научно друштво – Битола на 23 април 2025 година го започна …
Јачменот хранлива житарка богата со растителни влакна – клуч за добро варење
Една од најзначајните здравствени придобивки на јачменот е неговата висока содржина на …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…