Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија третото место на завршниот турнир на СЕХА лигата, откако во „малото финале“ во Задар го совладаа хрватскиот вицешампион Нексе Нашице со 27-23 (12-13), лесно заборавајќи го поразот од Веспрем.

 Photo credit: kolektiffimages
Photo credit: kolektiffimages

Ларс Валтер, тренерот на Еурофарм Пелистер после победата истакна:

„Мислевме на себе, а не на противникот. Важно ни беше да победиме, но и да играме добро. Денес видовме дека имаме тим, посебно што игравме без Руди Сери. Позитивно беше да се види Суси, кој се врати од повреда и покажа дека ќе биде засилување за нас. Ова е одлична реакција по поразот во петокот“.

Капитенот, Мирко Радовиќ рече дека овој турнир многу ќе им користи за новата сезона.

„За мене најважно е што ја подигнавме главата по поразот од Веспрем. Ова беше машки, фајтерски дуел и им вративме на Нексе за поразот минатата сезона. Им го запамтивме тој пораз во Европската лига и им се реванширавме. Мојата екипа покажа како се игра како тим и се врати од негатива, за да дојде до заслужена победа. Оваа победа ни дава голема самодоверба пред предизвиците кои ни претстојат“.

Жарко Пешевски и Усана Хосни пак се најдоа во идеалниот тим на завршниот турнир.

302283032 4728120147290688 8935722704283599993 n
Photo credit: kolektiffimages
meblo trejd mialnik

    Со концерт на Ningbo Symphony Orchestra свечено отворено 56. издание на „Илинденски денови“ во Битола
    Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, …
    Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
    Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

    По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

    Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

    Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

    16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

    Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

    Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

    Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…