РК Еурофарм Пелистер 2 денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Александар Јовиќ на располагање има седумнаесет ракометари, со кои ќе работи во првата фаза од подготовките. Петар Атанасијевиќ е дел од македонската репрезентација која ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска, а Василије Печурица има обврски со младинската селекција на Црна Гора. За разлика од есенскиот ростер Еурофарм Пелистер 2 ќе биде послаб за Дејан Кукуловски кој го спогодбено го напушти клубот и потпиша за Брно (Чешка).

За време на подготовките, кои целосно ќе ги мине во Битола, екипата ќе тестира со Еурофарм Пелистер, а предвидено е да одигра и еден меѓународен натпревар. Трета година по ред Еурофарм Пелистер 2, иако е најмлад суперлигаш, ќе игра во плеј-офот, во борбата за титулата и европските места.

Александар Јовиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер 2 изјави:

„Управата на Еурофарм Пелистер 2 правилно размислува и има добра стратегија и визија, а резултатите тоа го покажуваат. Ние трета сезона ќе играме во плеј-оф и мислам дека со нашите добри игри тоа го заслуживме. Напоредно создаваме играчи за првата екипа и остваруваме резултати.

Подготовките ќе ги спроведеме комплетно во Битола. Ќе одиграме неколку меѓусебни натпревари со Еурофарм Пелистер, а може да играме и еден меѓународен натпревар.

snapshot2

Особено ми е мило што како најмлада екипа во првенството, се пласиравме во плеј-оф и пренесовме еден бод. Ќе бидеме најмлади и во плеј-офот и ќе си поставиме цели. Ќе играме растеретено, но со цел ниедна екипа не смее да биде поборбена од нас. Треба да играме квалитетна и агресивна одбрана, преку која ќе постигнуваме лесни голови во напад“.

meblo trejd raboti
Златна камера 300 за кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“
Откривањето на непознатото се движечката сила на овогодинешната програма на ИФФК „Браќа …
Фотогалерија од црвениот тепих на затворањето на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола
Вечерва заврши 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…