plums 1584172 1280

Постои ли нешто поубаво од мирисот на свежо печени сливи што се шири низ кујната? Домашниот џем од сливи е токму тоа – едноставен, миризлив и полн со носталгија. Најубавото е што за неговата подготовка не е потребно долго мешање над шпорет – доволно е да ја вклучите рерната и да ѝ дозволите таа да ја заврши најголемата работа наместо вас.

Овој рецепт е идеален за сите кои го сакаат природниот вкус на сливите, а сакаат и полесна подготовка без многу труд. Резултатот е густ, сладок и ароматичен џем кој совршено се вклопува со топол леб или палачинки.

Обично на еден килограм сливи се додаваат околу 200 грама шеќер, но бидејќи зрелите сливи се сами по себе послатки, количината може да се намали или дури и да се изостави.

plums 5498945 1280

Состојки за џем од сливи во рерна:

  • 3 кг зрели и меки сини сливи
  • 300 г шеќер
  • 2 ванилин шеќери

Подготовка:

  1. Сливите измијте ги добро, извадете ги коските и исечкајте ги на помали парчиња.
  2. Ставете ги во подлабока тава или огноотпорен сад за рерна (за да не прска премногу сокот).
  3. Печете на 200 °C додека сливите не зовријат.
  4. Намалете ја температурата на 150 °C и печете уште околу еден час, со повремено мешање на секои 20-тина минути.
  5. Потоа додајте го шеќерот измешан со ванилин шеќер и вратете во рерната на уште еден час, повторно мешајќи повремено.
  6. Врелиот џем ставете го во загреани тегли, добро затворете и свртете ги наопаку додека целосно не се изладат.

Со овој едноставен рецепт ќе добиете совршен зимски деликатес кој ќе ве потсетува на мирисите од детството секој пат кога ќе ја отворите теглата.

meblo trejd
Пчелите се најважните суштества на планетата без кои нема живот
Меѓународниот институт Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја. …
Приказната на Љубљана – градот на мостовите и утринска магла
Пишува: Сара Танаскоска Секое утро во Љубљана е со ист ритам. Сончевата …
JK Travel
jk travel zima 25 26

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…