monm vselena

Европска асоцијација за астрономско образование [ EAAE ] од 2ОО9 година го реализира детскиот ликовен конкурс “Вселенска уметност – визија за убавината на универзумот” на кој Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола оваа 2О25 година за прв пат учествуваше со дела на свои 19 членови.

viber image 2025 05 03 12 16 08 048

„Со оваа образовна асоцијација на Еврпската Унија се запознавме при нашата службена посета на Брисел. И низ низата средби се запознавме и со директорката на Европска асоцијација за астрономско образование [ EAAE ] Едерлинда Вињуалес која ни го посочи ликовниот конкурс, а со наградите – признанијата и дипломите ни упати и поздравно писмо.

viber image 2025 05 03 12 16 08 297

Нашите членови твореа на темата и од страна на организаторот беа селектирани 18 цртежи на ученици за кои се доделени 18 награди и тоа: Давид Атанасовски, Елиф Сулиманоска, Фросина Полизовска, Ива Атанасовa, Ивана Влкановска, Јана Талеска, Луна Петковски, Михаела Стефановска, Александар Филиповски, Анабела Јовчевска, Анастасија Димитријовска, Андреј Миленковски, Мила З. Спироска, Нина Пешевски, Сара Сотировска, Стефанија Димитријовска, Стефанија Јошевска и Томислав Атанасовски.

Посебно признание за прикажан извонреден ликовен пристап во своето ликовно дело доби нашиот член Сирма Спиркоска.

viber image 2025 05 03 12 16 04 526

Ова за прво учество на овој ликовен конкурс кој е прилично комплексен во својата содржина е одличен успех за кој се гордеме со нашите членови и нивните дела.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Европска асоцијација за астрономско образование [ EAAE ] редовно организира и друг ликовен фестивал насловен како “Допри ѕвезда” за кој учесниците – учениците треба покомплексно да се запознаат со темата на вселената како и серија ликовни работилници со акцент на едукативниот и ликовниот сегмент.

Балкански синдром: живот со постојан аларм во градите
Пишува: Сара Танаскоска Кај нас на Балканот никогаш животот не бил само …
Раскажи ми приказна: Црвениот фустан
Госпоѓица Хана стоеше на средината од театарската сцена. Го изнесуваше својот говор …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…