viber image 2023 08 16 20 08 01 689

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола на покана на КУД „Дримкол“ Вевчани и Здружението за афирмација на туризмот – културата и културното наследство „Вевчани турист инфо“ реализираа еднодневна ликовна колонија на која членовите сликаа староградска Вевчанска архитектура.

viber image 2023 08 16 20 08 00 808

15 ученици на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола 10 часа сликаа староградска вевчанска архитектура при што работниот колониски ден го реализираа низ повеќе локации низ Вевчани, додека синоќа пред жителите на Вевчани поставија и изложба на отворено во рамките на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“.

viber image 2023 08 16 20 08 00 582

Соработката е помеѓу КУД „Дримкол“ Вевчани со поддршка од Општина Вевчани и по Проект од национален интерес на Министерството за култура. Со еднодневната колонија воедно започна и ХIII издание на Фестивалот на народна култура „Пображење”, а учениците на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола сликаа на тема „Народната култура во Вевчани – инспирација за младите ликовни уметници”.

viber image 2023 08 16 20 08 01 278

Фестивалот ќе трае и следните 2 дена, а завршува традиционално на 19 август на големиот православен празник „Преображение Христово” што е и слава на Општина Вевчани.

viber image 2023 08 16 20 08 01 026

„Ние Вевчани во рамките на нашата 42. годишна светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” го имавме на колониската мапа над 30 години. Овој еднодневен настан воедно е и можност на враќање на малку подзаборавената традиција за која ќе се радуваат сите наши гости – учесници на МБМ од цел свет. Одлична организација – голема благодарност на организаторот КУД „Дримкол“ Вевчани – особено до директорот на фестивалот Тошо Чочороски и она што е особено за нас битно, огромно задоволство на нашите членови кои имаат можност да го остварат својот ликовен талент” – изјави Томислав Стерјев, координатор за ликовни активности при ДЛС Свети Кирил и Методиј Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…