vlatko na toblerone

Ексклузивно за Читај бе, Влатко Деловски

Врв Matterhorn/Monte Cervino (на италијански) висок 4478 м.н.в или чоколатцето од Тоблероне. Матерхорн или мајката на сите алпски врвови со нејзината пирамидална структура е симбол на чоколадата на Алпите, се шегувам: симбол на планинарството и алпинизмот.

Иако не е највисок врв на Алпите, Матерхорн се смета за benchmark и круна на планинарството во Европа, та затоа е предизвик за многу планинари ширум светот. Во последно време, како Кафка, чувствувам уште една болезненост кај себе, речиси необјаснив стремеж да ги исполнам сите мои желби.

Во случајов, овој недостаток служеше барем за добра цел. Заедно со другар ми и партнер Бабушо го искачивме Матерхорн во еден ден преку Lion ridge/Cresta del Leone (од италијанската класика). Не е вообичаено овој врв да се качува во еден ден, оти најчесто се преспива или во Абруци (дом на 2800 м.н.в) или во бивакот Карел (3800 м), па во утринските часови се тргнува кон врвот.

Искрено, не знам дали има други Македонци што директно од Breuil – Cervinia (од подножјето на врвот 2000 м.н.в) го искачиле врвот во еден ден од италијанска страна – не е ни важно, важно е што тоа нам не ни беше намера, впрочем на еден начин бевме предизвикани да го направиме тоа, оти немавме време да чекаме, та проценивме дека има „мал чист прозорец“од добро време во вторник на 08.08.

meblo trejd cesmi во crni

Сепак, на „прозорецот“ тој ден стоеше едно сомнамбулно проблеснување со лошо време и лоши временски прилики (силен северен ветер, густи облаци, верглас, снег). Тоа го сведочеше самата планина: само неколку групи од планинари се движеа нагоре. Бевме сведоци и на спасителна акција со хиликоптер што спасува двајца планинари кои страдаа од хипотермија.

Патем, двајца водичи, кои заради лошото време не успеаја да ги качат клиентите на врвот, кај Enjambee (седлото меѓу Pic Tyndall и Matterhorn) нѐ убедуваа да се вратиме, оти условите беа прелоши, но ние веќе бевме донеле одлука да продолжиме. И не згрешивме: на врвот стигнавме во 15 ч и 10 мин (што воопшто не е вообичаено!) после 10 часа и 58 мин качување од туристичкото место Breuil. Тој ден само две наврски се качивме на врвот, ние и двајца Полјаци. На враќање, во бивакот Карел каде што преспавме, стигнавме во 20 часот.

Она што е добро да се нагласи е тоа дека: технички карактеристики за гребенот од типот AD+, III+/IV, 649м, апсолутно ништо не значат, ако најпрвин не се земе предвид планинарското алпско искуство и, секако, сите комбинирачки фактори (време, услови “in situ”, ветер, висина, должина, опрема, товар, психо-физичка спремност и др.) Сѐ на сѐ вистинско планинарско искуство, вредно за почит!

367604921 256641773855350 1754124538997402493 n

Тоа го потврдува и податокот дека само тројца битолчани, сите членови на СКК Вертикал од Битола, го имаме качено врвот од италијанска страна. Накрај, сакам да кажам дека планинарството не е ‘тапа леснотија на умот’, туку автентичен предизвик, задоволство и подвиг, по малку и страдање.

Меѓутоа, да се качуваш на планина и да мислиш дека нема да страдаш, тогаш ништо не си сфатил од планинарството, вели еден познат италијански алпинист. Планината, на некој начин, секогаш нѐ предизвикува давајќи ни можности да доживееме невообичаени моменти и живи спомени. А што е животот, освен спомени и засолниште во времето?

meblo trejd mialnici 2
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…