tao1

Александар Ортаковски е млад моден дизајнер кој неодамна се појави на модната сцена со воодушевувачки, уникатни, елегантни и невообичаени модни парчиња и креации, познати под името ТАО, а тоа е името и на самиот бренд на Александар, основан минатата година. Тој со помош на уникатност, чувство за естетика и доза иновативност се најде на страниците на Vogue, со модната креација, позната под името ,,TAO lace shirt”.

tao

Vogue е еден од најпознатите, светски и интернационални модни магазини кој ја диктира модата во светот. Да се биде дел о магазинот претставува огромна награда и признание за талентите чија пасија е дизајнот, фотографиите, модата и креациите. Александар вели дека за овa сонувал од мал и тврди дека соништата не се само соништа, туку дека тие се реализираат со силна верба, труд, упорност и работа.

,,Нема зборови со кои може да се опише чувството кога ќе се оствари нешто за кое си мечтаел од мали нозе. Да го прочиташ своето име на страниците на Vogue е неопишливо чувство. Се уште не ми е реално тоа што се случи, и сум преблагодарен за пружената доверба. Срцето ми се исполнува со истата среќа и возбуда, одново и одново, секогаш кога ќе ја погледнам кампањата. Да се најдеш покрај такви светски имиња е неизмерно голема сатисфакција, но и одговорност. Соништата се остваруваат, а љубовта кон работата и трудот секогаш се исплаќаат” – констатира Александар за Читај бе.

Навистина е тежок и макотрпен патот да се допре до еден од светските модни диктатори како што е Vogue,  но не и невозможно. Александар Ортаковски од Битола ни докажа и покажа дека младиот човек кој работи на своите соништа, подоцна тие и ги живее.

,,Не постои личност која би ја пропуштила шансата за соработка со гигант како Vogue, јас сум преблагодарен за таа можност, ја искористив максимално и се надевам дека ова е само почеток.

Јас како дизајнер со мојот бренд ТАО секогаш ставам акцент на уникатноста, иновативноста и естетиката, иако неможам со точност да тврдам, но мислам дека тоа беше пресудно кај стилистите во Vogue да одлучат токму ТАО да се најде во најновото издание на магазинот” – изјави Ортаковски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…