pajton kic

Како дел од промотивните активности за фестивалот „Ех, таа серенада“ и туристичка промоција на Офицерски дом граѓаните на Битола , како и бројните туристи и посетители ќе имаат единствена можност за бидат дел од традицијата на конзулска Битола, дел од приказната за битолската серенада и да ја почуствуваат возбудата која ја носи возењето со пајтон.

368671901 306568778526706 7482332937313839451 n

Ве покануваме да бидете дел од традицијата, од приказната за битолските чупи и вљубените ергени и да ги споделите своите впечатоци и спомени со блиските. Ве покануваме на бесплатно возење со битолскиот пајтон наредените две недели секоја вечер од 18.30 – 21.30 ч. пред влезот на Офицерскиот дом.

Да потсетиме дека првото официјално издание на фестивалот „Ех, таа серенада“ ќе се оддржи на 24 Август на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола, а на ревијалната вечер ќе настапат 16 изведувачи.Граѓаните ќе можат да ги подигнат бесплатните влезници од билетарата на КИЦ Битола во Офицерски дом од Вторник 22 Август во работно време.

366377029 306568811860036 4536514199925070226 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…