Во нашата установа право да обојуваат имаат само децата – се друго е политичко профитерство за евтини партиски поени, велат од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола после одржувањето на денешната итна седница на Управниот одбор на студиото, по основ на обидот на Министерството за образование и наука да го затвори студиото, а со тоа и да згасне светскиот бренд “Мал Битолски Монмартр”.
Исто така Управниот одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола донесе едногласна Одлука со која се прифаќа финансиската поддршка за плата и трошоци до крајот на годината понудена од страна на Општина Битола.
Во своето образложение велат дека министерот за образование ги викнал на состанок, но заради немање конкретна понуда, понудата ја одбиле.
Ја одбиле и понудата од министерката за култура,за која од Управниот одбор велат дека е несериозно светскиот бренд “Мал Битолски Монмартр” да стане дел од Центарот за култура Битола како национална установа, а Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола да продолжи со аплицирање кон проекти.
Подетално за одлуките на Управниот одбор прочитајте од објавата на членот на одборот, Славчо Неделковски.