monmartr oh stru

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола на 21 и 22 август 2О24 година ја реализираше дводневната детска ликовна колонија со 15 свои ученици кои ги посетија Охрид и Струга.

murali 1
viber image 2024 08 23 10 13 20 840

Целта на истата беше запознавање на учениците од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола со архитектонските убавини на двата градови на Охридското езеро и секако тематско сликање.

viber image 2024 08 23 10 13 20 863

„Охрид и Струга се нели наши соседни градови кои се распослани по брегот на Охридското езеро. Тоа е и беше предизвикот нашите ученици прво да ги запознаеме со архитектонските градби кои токму поради својата различност ги прават овие градови и богати во своето културно наследство.

viber image 2024 08 23 10 13 20 879

Во Охрид секако ја цртавме црквата Света Софија максимално искористувајќи ги убавините на амфитеатарот кој е сместен од нејзиниот преден дел. Убаво е кога уметничката слобода на младиот ликовен талент забележува некои нови детали и истите ги истакнува.

viber image 2024 08 23 10 13 20 902

Особено ако се знае фактот дека нашите ученици беа на возраст од 9 до 16 години.

viber image 2024 08 23 10 13 20 944

Во Струга некако денот сам по себе стана наменски. По запознавањето на учениците со старата чаршија – одредени објекти и кејот на Дрим како бевме точно за денот од свеченото отворањето на 63. Издание на Струшките вечери на поезијата се лоциравме во Паркот на поезијата.

Колонијата помина во прекрасна атмосфера. Некои од учениците за прв пат ги посетуваат овие градов за жал и покрај што финансиската поддршка за овој проект од Програмата за проекти од национален интерес на Македонија беше епски вреднуван со 3О.ООО денари што не беше доволно ни за храна ние решивме и испеавме да го реализираме.

Благодарност кон Општина Охрид и манифестацијата Струшки вечери на поезијата кои беа наша неформална теренска логистичка поддршка.

Во контекст на ова ние стапивме во контакт и со градоначалникот на Тетово за каде имавме сличен проект но беше одбиен поради тоа што “комисијата не ја разбра содржината” и ни додели 48 од потребните 51 поен и мислиме дека ќе имаме опции за реализација на истиот.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска – претседателка на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Во Струга младите ликовни уметници од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола оценија дека најинтересни за сликање им се излевањето на Охридското езеро низ реката Дрим како и објектот на Општина Струга.

Од Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола ги најавија и нивните следни проекти.

„Првата недела од септември се патува во Трабзон – Турција. Имаме средби со новиот претседател на Меѓународниот управен одбор за 44. Издание на светската детска ликовна колонија Малиот Битолски Монмартр – професорот Вејсел Аџар. На 2О септември 2О24 година ќе го објавиме и конкурсот за светската детска ликовна изложба по конкурс „Битола” во своето 43. Издание кој ќе трае се до 2О февруари 2О25 година. Очекуваме рекордно учество.

Од 5 до 15 октомври патуваме за Евора – Португалија. Решивме сите нула [ О ] доделени денари за овој проект за кој 23 години добивавме поддршка од Министерството за култура, а беа прекинати во 2О22 година “безмилосно” да ги потрошиме до денар.

Веќе е луцидно она што се случува па сарказмот некако помага. Во Евора на 25-тата јубилејна детска светска ликовна колонија на специјална директна покана патува ученичката Спиркоска Сирма, а бидејќи колонијата во Евора е формирана со одобрение на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола ќе патувам и јас како претседателот на УО при ДЛС, со средства кои во 1ОО% се лични и семејни кои ги собравме со нашата претседателка.

Сирма гордо ќе си ги претставува и Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола и Битола и Македонија како што тоа го правиме 56 години.

Уписот за новата школска 2О24 / 2О25 година ќе е претходно на 14 и 15 септември 2О24 година за кога очекуваме над 15О ученици да продолжат да членуваат во Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Искрено се надеваме дека “потребата” се што е добро и квалитетно да се уништи ќе прекине како тренд кој трае 2.5 години за што веќе сме во коминикации со министрите за образование и култура.” – истакна Славчо Неделковски – претседател на УО при Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…