На 17 јуни во Битола како дел од ноќната женска трка „Биди своја“ ќе се одржи и детска трка со почеток од 17:30 часот. Организаторите ги покануваат сите деца кои сакаат да бидат дел од оваа трка да се пријават и заедно да ја преминат стартната линија па се до финиш линијата!
Ќе се трча во должина од 300 метри, а на трката ќе можат да се пријават деца до 14 години, но и дечиња со попреченост!
-Секое дете има право на забава и учество, a ние сме тука да осигураме најубаво можно искуство, велат организаторите.
Децата со попреченост се ослободени од котизација, а за останатите дечиња котизацијата е 350ден.