Четири студентки од Факултетот за Информатички науки и компјутерско
инженерство (ФИНКИ), Ивана Димитровска, Ангела Јовановска, Александра Димитриеска и Теона Данева го изработија проектот Cyberbullying – Насилство на интернет по предметот Медиуми и Комуникации. Тие велат: „Бидејќи интернетот е застапен насекаде, сé повеќе е достапен cyberbullying-от во животот на еден
млад човек.  Би сакале преку вашиот медиум нашата  иницијатива да биде пренесена на што поголем  број читатели“.

image 1

Читај бе: Зошто се одлучивте токму на оваа тема да ја работите проектната задача? Колку мислите дека треба да му се обрне внимание на овој проблем?

Проблемот со Cyberbullying во денешно време е премногу застапен, со брзиот развој на технологијата. Најчесто кај тинејџерите и младите се јавува насилството на интернет. Голем дел од нив без размислување пишуваат навредливи, понижувачки и вознемирувачки коментари кои многу лошо влијаат врз развојот на личноста, на која што се упатени. Последиците од Cyberbullying-от може да бидат фатални, па дури да резултираат со нарушување на нивното психичко и физичко здравје. Затоа се одлучивме да зборуваме на оваа тема, бидејќи сакаме да ја подигнеме свеста кај секоја личност присутна на интернет и исто така да покренеме иницијатива за да не се злоупотребува користењето на социјалните мрежи.

Читај бе: Кои беа вашите активности додека го правевте истражувањето?

Со цел да се покаже дали постои и колку е застапено насилството на интернет спроведовме анкета на која одговорија различни возрасни групи. Таргетот ни беа студентите низ факултетите во нашата земја, но исто така и тинејџерите кои се ранлива група. Со цел да се оствари импакт и да се развие свесноста кај целните групи за насилството на интернет отворивме Instagram и Facebook профил каде ги споделувавме нашите идеи како да се заштитиме доколку сме жртва на насилство на интернет. Исто така поставивме флаери на различни локации со цел повеќе личности кои се жртви на насилство да се охрабрат и да стават крај на насилството кое го доживуваат.

Читај бе: Што покажа вашето истражување? Има ли нешто алармантно на кое треба да се обрне внимание?

Нашето истражување ги потврди нашите хипотези со којшто почнавме да го правиме проектот. Поголем дел од испитаниците биле жртва или познаваат некој којшто бил жртва на cyberbullying. Значително е зголемен бројот на жртвите од cyberbullying-oт отколку традиционалното насилство. Исто така важно е да се нагласи дека женскиот пол е на мета на cyberbullying-от повеќе од машкиот пол. Алармантно е тоа што грдите и лошите коментари на социјалните мрежи влијаат врз менталното здравје на една млада личност.

Читај бе: Која беше целта на оваа проектна задача и истражување?

Негативните коментари на социјалните мрежи, особено кај лицата од женскиот пол, се многу честа појава на нивните објави на Instagram, што доведува до непосакувано менување на нивниот физички изглед. Исто така лицата на кои влијаат негативните коментари се осврнуваат кон нив и слепо веруваат на нив, со што тие ги менуваат погледите кон животот, а тоа може да доведе до многу пофатални последици. Сакајќи да го избегнеме влијанието на навредливите коментари, покренавме иницијатива за нивно спречување, бидејќи само еден лош збор може да промене човечки живот.

Читај бе: Што мислите дека треба да се преземе во овој дел кога се работи за насилство на Интернет?

Овој проблем можеме да го решиме баш и од таму каде што потекнува, на Интернет. На Интернетот се шират голем број различни информации, лоши и добри, вистинити и невистинити, затоа што луѓето имаат дополнителна храброст да ги напишат бидејќи се скриени позади екраните. Затоа најдобро е да се поттикнат жртвите најпрво преку Интернетот да се пронајдат бидејќи би имале поголема храброст преку анонимност да се појават, па со нивна согласност и да се открие нивниот идентитет. Затоа преку разни групи на социјални мрежи, онлајн состаноци и настани, анонимни анкети би им помогнале на жртвите и би се подигнала свеста кај сите да се помогне за спречување на ваквото однесување на Интернет.

Читај бе: Дали мислите, според она што го видовте како резултат на истражувањето, дека насилството на интернет не се третира доволно сериозно?

Според резултатите на нашето истражување, дојдовме до заклучок дека насилството на интернет не се третира доволно сериозно, бидејќи голем дел од анкетираните имаа одговорено на анкетата дека се соочиле со Cyberbullying или тоа им се случило на некој нивни близок. Мислиме дека за жал, ова сѐ уште е табу тема и дека недоволно сериозно се сфатени личностите кои се соочуваат со лоши коментари. Голем дел од нив немаат воопшто поддршка од блиските, затоа што Cyberbullying-от не се сфаќа доволно сериозно, особено од повозрасните лица.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…