Во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот, кој традиционално се одржува во Центарот за култура – Битола, на 25 ноември ќе настапи Амира Медуњанин, еден од најпрепознатливите гласови на современиот севдах.
Со својот специфичен, длабоко емотивен вокал, Медуњанин ги оживува старите севдалинки и им дава нов живот, пренесувајќи ги до публиката безвременските приказни за љубовта, копнежот, разделбата и сеќавањето. Нејзината интерпретација на традиционалната музика ѝ носи препознатливост и публика ширум светот.
Концертот ќе се одржи на 25 ноември, со почеток во 20 часот, во Центарот за култура – Битола.
Картите во претпродажба се достапни по цена од 500 денари преку Kartick.mk.
Мирис кој буди носталгија: Домашен џем од сливи печен во рерна
Постои ли нешто поубаво од мирисот на свежо печени сливи што се …
Дали луѓето кои често плачат психички се посилни од другите?
Луѓето кои често плачат се категоризираат како премногу емотивни. И додека некои …








