curlimo maraton

Битолчанецот Ристо Димитров Чурино од 2017 година ги реди своите успеси на Блискиот исток, во Султанатот Оман каде има успешна кариера како фитнес тренер и натпреварувач во боречки вештини. Но, тој исто така е редовен учесник на маратоните и ултра трките. Последниот маратон на кој учествуваше е „Al Mouj Muscat Marathon“, каде го постигна својот најдобар резултат, но и според организаторите,тој е првиот кој истрчал три трки на еден ист настан.

Чурино истрча трки на 21, 10 и 5 километри, а 5-километарската ја трчаше заедно со својот 12-годишен син Марко.

„Овој е еден од најпрестижните маратони во регионот и учествуваа повеке од 12 000 натпреварувачи од целиот свет. Во 6 часот изутрина тргнав на својот 21 км и го истрчав со време од 1:38:45. Потоа со одмор од 20 минути и да сменам бројче ја почнав својата 10км трка за која не бркав време. Наредниот ден со својот син истрчав уште 5км, а на Марко му беа првите 5км на свои 12 години. Заедно со мојот тим РИСТО ММА&ФИТНЕСС истрчавме 42, 21, 10 и 5 км и неколку детски трки. Мојот син прво истрча 3, сега 5 и една спартанска трка. Организаторите ми рекоа дека сум јас првиот кој истрчал 3 трки на еден евент“, вели Ристо за Читај бе.

Прочитај повеќе: Чурино со својот 12-годишен син Марко трчаа на еден од најпрестижните маратони во Оман и регионот
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…