solza i smea naslovna

Солза и Смеа денес, 7 февруари, слави 28 години од првата претстава која беше одиграна во Домот на културата во Битола, „Long Play“ од Горан Стефановски. Претставата беше во режија на Дејан Пројковски, кој сега е еден од најпознатите режисери. Oсновачи на Солза и Смеа се Александар Димитровски, Дејан Пројковски, Зоран Талевски и Пеце Ристевски. Зоран Талевски живее во Америка и е моментален соработник на Солза и Смеа на Тик Ток, додека Пеце Ристевски е уметнички директор на штипскиот театар.

„Ете, тие сме основачите на Солза и Смеа. Со години игравме сериозни претсави, а од 2004 година започнавме да работиме детски претстави и комедии. Иако морам да кажам дека Солза и Смеа како драмска група почна порано, ја подготвивме „Александра“ од Томе Арсовски, партизанска претстава. Тогаш бевме собрани ученици од многу училишта, пред сè бевме ученици од ОУ „Климент Охридски“ и поранешни ученици кои заминаа да учат во средните училишта. Ние како група не можевме да добиеме печат за да однесеме официјално писмо во Домот на културата за да добиеме термин. Првата претстава помина пред наставниците на ОУ „Климент Охридски“, бевме наградени со аплауз, за по една година официјално да ја имаме првата официјална претстава. Иако датираме од 1995, официјалниот датум е 7 февруари 1996 година“, вели за Читај бе, Александар Димитровски, еден од основачите на Солза и смеа.

саше ссс

Инаку, Саше вели дека во првите години играле малку потешки наслови, ги работеле Чехов, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Шекспир, учествувале на ФААД Кочани, добивале голем број награди, а имаат настапувано и на фестивал во Благоевград, во градот каде што Саше студираше и дипломираше на глума.

плакат

„Првата претстава која ја одигравме, „Лонг Плеј“ е многу тешка. Втората претстава пак на Солза и смеа е најтешкиот текст, театарот на апсурдот, Бекет и „Чекајќи го Годо“. Од 2004 веќе почнавме малку покомерцијално да размислуваме.  Почнавме со детската престава „Хајди“, потоа „Одам на лов“, „Златна бубашваба“ и многу други, и тоа е новата страница на Солза и смеа. Во театарот Солза и смеа последните години после короната, останавме неколку кои што сме верни на Солза и смеа, имавме неколку премиери на театарски претстави како „Стјуардеси“, „Вдовицата се омажи“, „Севенап комеди“, со која ја поминавме скоро цела Македонија, имаме уште неколку градови.

Моментално сме актуелни на Тик Ток, заедно со екипа од неколку луѓе го работиме нашиот официјален канал на кој објавуваме скечови, но и чести вклучувања во живо. Затоа ги повикуваме сите да нè следат на нашиот официјален канал на Тик Ток.

@solza_i_smea Солза и Смеа Терапија ~ Масти за брунцој #solzaismea #humor #dedomraz #jokes #bitola #bitola🇲🇰🚗📍 #македонија #bitola #солзаисмеа ♬ original sound – Solza i Smea Official

Исто така сакам да напоменам дека имам и нов Youtube канал, каде може да се најдат нашите најнови скечови, вицови, сè она што го работиме во моментот.

Инаку морам да потенцирам дека последната наша претстава беше во Гостивар, а Гостивар не памети толку интерес за една претстава, луѓето се желни за комедија.  Секаде каде што одиме нема вакви настани што се случуваат, па затоа колку можеме ние да ги насмееме и развеселиме. Во Гостивар, на пример, ние собравме 600-700 луѓе, а сите претходни настани имале 170-180 луѓе публика. На нашата турнеја по градовите сегде врвиме како што треба, а планираме уште некој град да посетиме“, рече Димитровски.

Среќен роденден, Солза и Смеа!

@solza_i_smea Солза и Смеа 28 години Solza I Smea 28 godini #solzasmea #fyp #fypシ #македонија🇲🇰 #foryoupage #австралија #дијаспора #македонија #солзаисмеа😂 #Германија #солзаисмеа #solzaismea #solzaismea2 #америка #bitola ♬ original sound – Solza i Smea Official
meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…