nesto konkretno goko

Во новата емисија на „Нешто конкретно” ни гостуваа девојките од групата „Фрајле”, а друштво им правеше нашиот Ѓоко Таневски. Темата на разговор беше за успесите во животот, односно што треба да се сторите за да ви тргне во животот? Нашите гости очигледно добро ја знаат вистинската формула судејќи според нивните кариери.

Ѓоко Таневски не би направил компромис за кариерата кога би ја ставил на вага со бракот, децата, или пак пријателите, а не би се одрекол ни од родителите кога тоа би било потребно за успешен брак. Човекот што го изгубил својот татко на 21 година и кој уште од таа возраст е заедно со својата сопруга, за неа ќе каже дека никогаш не му  направила проблем во однос на неговата кариера, за одлучи не прашувал никого и терал по свое па задоволен е од тоа што го постигнал. Ѓоко Таневски не се плаши сам да ги носи своите одлуки, но затоа од пијани жени во кафана и те како му е страв – „Нема ништо пострашно од жена што сама пие во кафана”, рече тој.

IMG d34b587b0f100d7da9b3377a8acbdea4 V e1707307036652

Невена од „Фрајле” смета дека сите фактори се важни кога се работи за создавање на кариера, важни се мислењата на домашните, пријателите и соработниците, но секако вистинската одлука човек треба да ја донесе сам: „Не е дека не слушаме баш никого, но треба да се биде свој и да се знае сопствениот пат, не мора да значи дека сите треба да чекориме по иста патека” заклучи таа.

Емисијата ја започнавме со музика, но патот до успехот не е секогаш лесен како песна, како што гостите истакнаа, некогаш тој знае да биде и трнлив.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

Телма оваа недела во 17.00 часот Гледајте „Нешто конкретно”.

jk travel leto 24
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…