bile butin

Овој текст – всушност е револт, бидејќи не можам да ги сменам работите, но затоа ќе ги напишам.

ЗОШТО ГИ РОДИВМЕ НАШИТЕ ДЕЦА???

Да се нечија боксерска вреќа за лечење на фрустрации?!

Парелелно со булингот- насилството меѓу младите, огромен предизвик е анксиозноста и борбата со неплодност кај младите. Се уништува она што веќе не се добива лесно – дете.

Да, имаме реални проблеми чиј корен е некомуникацијата, има шема на криење, најчесто поради страв – децата кријат од родителите, мајката крие од таткото и обратно, тука влијае и будењето на хормоните кај поголемите деца, природното формирање на карактер кое прво е подложено на имитирање на модели – но сѐ почесто имаме емитирање и нанесување на злоба.

Родители, не дозволувајте вашите деца да се толку многу несреќни, премногу се невини да го поднесат товарот на злото и немојте да им се плашите, тоа се истите деца кои ги родивте, кои верувам ги зачнавте со љубов, всушност секое дете е израз на љубов и најнепосакуваното.

Наидов на некоја емисија во која гостин беше психолог – кој работи најмногу со училишни деца.

Новинарката му го постави прашањето: „Каде и како сега живеат нашите деца?“ Тој ѝ одговори: „Во канализацијата на стварноста“.

Бев четврта година, средно – добив инфекција, примав антибиотска терапија, ама имав ужасно бледило поради ниското железо и хемоглобин. На одморот некои од дечките играа со ракометарска топка – си подаваа и верувам несакајќи во подавањето ракометарската топка ме плесна в лице – во тој момент нешто пишував, иако ми дојде за плачење, бидејќи стварно ме болеше, ја нурнав главата и продолжив да пишувам, иако темница ми беше пред очи. Истиот тој момент, еден соученик упати вербални навреди на моја адреса – кои не би ги цитирала, но повеќе ме заболеа од ударот. Првпат отидов кај училишниот психолог, затоа што тој и уште неколку ученици си даваа на значење, се фалеа со она што го прават  кога се надвор од училиште, со она што го имаат, навредуваа. Тогаш на псхологот му кажав што ми се случи и за мојата здравствена состојба – на разговор заедно со мене беше повикан истиот ученик, бевме принудени да разговараме цивилизирано, без да се расправаме и да си кажеме еден на друг со какви проблеми се соочуваме – сфативме дека се соочуваме со слични проблеми од семеен домен. После тоа не станавме најдобри другари, но, топката беше смирена.

Работата со деца е најкомплексната работа во светот –  има благородни цели, но и не е толку благородна во практиката, посебно не денес.

Апел до родителите: Немојте пред вашето дете да коментирате никогаш колку  неговиот наставник  знае, го бива, не знае, не го бива.  Не му давате простор на детето самото да стекне уверување – туку го презема вашето. Често се случува родителите да се расправаат со наставниците, ко родителите да се оценуваат – не нивните деца, па, во најлоша варијанта за ученикот има шетање од едно во друго, може и во трето училиште, ученикот е исклучен од одговорност и има еден огромен проблем – при најмал отпор тој се откажува, прво во учењето, па во животот, и така ќе се задоволува со ронки, наместо според тоа колку навистина вреди.

Децата се огледало на родителите. Пред да го пратите детето во прво одделение, ако не знаете, консултирајте се што вашето дете треба веќе да има стекнато од дома. Секој наставник е свесен за периодот на адаптација во сите етапи на образованието, секое дете различно напредува, има различни афинитети – но, наставникот не може да ја замени родителската грижа, воспитување, љубов – така што имате време околу пет години да ги удрите темелите на домашното воспитување на детето, потоа на сцена доаѓа системот – кој е суров и секогаш бил. Животот и настаните во светот се непредвидливи – во случај на родителска смрт, во случај на војна  и еден куп немили настани – вашето дете мора да се научи да се бори – за да преживее – слободно дозволете му да се помачи, додека единствена обврска му е учењето и да не ве срами низ градот.

Децата не се украс на светот, тие се витален орган. Децата не се раѓаат поради престиж, ич не ми гајле дека сте им купиле телефон од 500 евра и патики од 300 евра и разни тракатанци – за да го пополните вашето отсуство во нивниот живот или да го презентирате вашиот статус. Родителите кои не им ги дале овие ствари на своите деца не ги прави ни помалку способни, ни дека не си ги сакаат децата.

JK Travel
meblo trejd racki
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…