362217260 616332977145656 9153247057389035059 n

Меморијалниот натпревар во спомен на Трајан Кочишки-Куља ќе се игра и оваа година по четврти пат. Откако овој натпревар секое лето нуди изненадувања, сега подготви уште едно. По гостувањето на ветераните на големиот Партизан, култниот Тетекс од Тетово, „вечното дерби“ на македонскиот фудбал меѓу Пелистер и Вардар, гостувања на култни клубови од регионот и од земјата, летово турнирот подготви ново издание.

По „вечното дерби“ од минатата година, оваа година ќе има шампионски натпревар.

Силите ќе ги одмерат младинскиот шампион на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров, предводена од легендата Боби Божиновски и пионерскиот шампион на Македонија, битолски Пелистер, предводени од еден од најдобрите тренери во младинска и пионерска конкуренција Никола Мрмачовски.

Оваа година како увертира за натпреварот ќе има фудбалски хепенинг за најмалите, четири екипи со по две генерации.

Четвртиот меморијален фудбалски натпревар во чест и спомен на Трајан Кочишки-Куља ќе се одржи на 30 јули 2023 година во 17:00 часот на стадионот во село Црно Буки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…

Четвртото издание на „Трчај бе“ низ објективот на Саше Богоевски

Со учество на 1400 атлетичари од 12 земји од светот, денес во…