ramazan bajram

Во името на Аллах, Милостивиот, Семилосниот
„Успеа оној кој се очисти, го спомнува името на својот Господар и извршува намаз.“ (Ел-А‘ла, 14-15)

Почитувани верници, браќа и сестри,
Со срца исполнети со вера и надеж во наградата од нашиот Создател, среќни и благодарни, ја дочекуваме благословената празнична радост на Фитр Бајрам.

Овој благословен празник е голем ден за секој верник. Тоа е ден што го крунисува нашиот едномесечен труд и жртва за зајакнување на духовниот живот и исполнување на верските обврски.

Тагата по заминувањето на овој благословен гостин се надополнува со чувството на задоволство и радост поради исполнувањето на упатствата на Аллах, Кој нè учи да ја прочистиме нашата душа. Затоа, нека овој ден биде ден на радост за сите нас!

Аллах нека го прифати нашиот пост и сите ибадети од месецот Рамазан.

Во мое име и во името на сите вработени во Муфтиството на ИВЗ – Битола, Ви упатувам најискрени честитки:

Нека е честит Фитр Бајрам, да го дочекате во радост и мир, покрај вашите најблиски, уште многу години!

Д-р Рајовиќ: Има само еден начин да се доведе во ред луто и разгалено дете
Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот „Никола Тесла“, одделот …
Раскажи ми приказна: Хесе во Магарево
Во летото 1943-та Херман Хесе дошол на поседок во Магарево (село во …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…