monmartr ohrid

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола го најави најголемиот, воедно и јубилеен 45-ти „Мал битолски Монмартр“, со учество на потврдени 15 држави, низ 18 делегации со над 160 учесници.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола ги објави резултатите од 44. издание на светскиот детски ликовен конкурс „Битола“ за 2026 година, на кој оваа година учество имаа над 850 приватни и државни школи од 85 земји, кои формираа фонд од над 85.000 детски ликовни цртежи од речиси 80.000 млади ликовни уметници од целиот свет.

viber image 2026 03 20 07 20 52 534

Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола информираат дека оваа година со престижната награда „Покана за учество на светската детска ликовна колонија Мал битолски Монмартр“ се здобија следните земји – делегации:

– Албанија – „National Cultural Children Center“ – Тирана
– Босна и Херцеговина – SSH „Ivan Goran Kovachich“ – Кисељак
– Бугарија – Foundation „Bulgarian Memory“ – Софија
– Кина – „Simply Art“ – Хонг Конг
– Хрватска – School of Applied Arts – Риека
– Чешка – ZUSH „Terezie Brzkove“ – Плзен
– Индија – „Hobby Centre for Art“ – Ахмедабад
– Израел – „Shirley’s Fine Art School“ – Лапид
– Малезија – „Yeow Chye Art Studio“ – Аир Итам
– Малезија – „Archway of Dream Drawing“ – Џорџтаун
– Црна Гора – ЈУ Средно ликовно училиште „Петар Лубарда“ – Цетиње
– Северна Македонија – Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола
– Полска – Mlodziezowy Dom Kultury „Creatio“ – Рибник
– Србија – Ликовно ателје „Артино“ – Белград
– Словачка – ZUSH „Spisska Bela“ – Спишска Бела
– Турција – „Veysel Acar Atolyesi“ – Трабзон
– Турција – „Akcaabat Bilim ve Sanat Merkezi“ – Трабзон
– Турција – „Cetin Sen Bilim Sanat Merkezi“ – Кајсери

„Пред сѐ, честитки до учесниците. Нескромно, оваа година во која одбележуваме јубилеј од 45 години непрекината реализација на светската детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“, решивме под ставката поканети учесници да го фаворизираме квалитетот пред квантитетот.

Затоа, од планираните 25 делегации учеснички, како организација решивме да ги поканиме нашите соработници со кои веќе имаме долгогодишна соработка, и тоа со некои од нив и до 30 години без прекин.

Така се генерираше и потврденото учество на сите нив, кои обезбедуваат над 160 учесници, од кои над 120 се ученици, со што можам гордо да истакнам дека Битола ќе го има најголемиот „Мал битолски Монмартр“ во своето 45. јубилејно издание“, изјави Елена Хаџи-Антоновска, претседателка на ДЛС.

viber image 2026 03 20 07 20 52 625

Воедно, од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола ги објавија и наградите за школи, професори и ученици:

  1. Награда „Мал битолски Монмартр“ за прикажан извонреден напредок кај ученик, за период од три до 10 години континуирано учество за 2026 година:
  • Лена Павковиќ / Ликовно ателје „Артино“ – Белград – Србија
  • Лау Ју Џи / „Simply Art“ – Хонг Конг – Кина
  • Зејнеп Бејза Алтунташ / „Veysel Acar Atolyesi“ – Трабзон – Турција
  • Јали Алперт / „Shirley’s Fine Art School“ – Лапид – Израел
  1. Награда „Мал битолски Монмартр“ за поддршка и развој на уметнички талент кај младите визуелни уметници за 2026 година:
  • проф. Залак Панчал – Индија
  • проф. Рузмира Бекирај Бејај – Албанија
  • проф. Лариса Драгељ – Хрватска
  • проф. Ченг Јеу Чу – Малезија
  1. Награда „Професор Светлана Вешиќ – Ралевиќ“ за извонреден педагошки пристап за периодот 2025/2026:
  • проф. Мерал Илгун – Кајсери – Турција
  1. Награда „Професор Коста Хаџи-Антоновски“ за глобална промоција на уметничкиот талент за 2025/2026:
  • проф. Жанет Кубалова – Спишска Бела – Словачка
  • проф. Зузана Чорогвицка – Спишска Бела – Словачка
  1. Награда „Бисер на уметноста“ за особен напредок на студент:
  • Ана Полизовска – ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ – Битола
  1. Специјална награда „Златна четка“ за најдобра колекција:
  • Средно ликовно училиште „Петар Лубарда“ – Цетиње
  • ZUSH „Terezie Brzkove“ – Плзен
  • Mlodziezowy Dom Kultury „Creatio“ – Рибник
  • „Archway of Dream Drawing“ – Џорџтаун
  1. Голема награда „Чувар на наследството на Коста“:
  • проф. Ширли Сиегал – Израел
  1. Голема награда „Проф. д-р Богомил Карлаварис“ за животно дело:
  • проф. Хенри Лау – Хонг Конг – Кина
  1. Орден „Мал битолски Монмартр – ментор на генерации“:
  • проф. Вејсел Аџар – Трабзон – Турција
  1. Гран-при за 2026 година:
  • Марта Џориќ / Ликовно ателје „Артино“ – Белград – Србија

„Честитки до сите учесници и наградени. Оваа година повторно се постигнуваат нови рекорди. Станува збор за две од најголемите и најстари манифестации од ваков вид во светот, високо ценети на глобално ниво.

Чест ни е што Битола ќе биде домаќин на сите гости и пријатели. Во рамки на осумдневната програма, седум дена ќе се црта по 10 работни часа. Пет дена ќе бидат посветени на староградската битолска архитектура и чаршијата, а ќе се реализираат и традиционалните еднодневни посети на Охрид и Бигорскиот манастир“, истакна Славчо Неделковски, директор на колонијата.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола соопштува дека наградите за посебни колекции, како и „Златна палета“ за најдобро индивидуално остварување, како и дипломите за учество, ќе бидат објавени на 20 април 2026 година од Трабзон – Турција, по повод 23 април – Националниот ден на детето.

Програмата и составот на Меѓународната жири-комисија ќе бидат соопштени на 10 мај 2026 година.

Wolt пристигна и во Битола
Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и …
Не се спуштај на туѓото ниво
Бидeте позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите сакаат да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…