krkardas naslovna

Православниот храм посветен на „Светите славни 40 битолски преподобномаченици“ претставува духовен чувар на градот кој некогаш во дамнина се нарекувал Обител – што се толкува како дом или семејство.
Оваа област на битолчани и регионот им е позната под името Кркардаш, за ова место се пренесени повеќе мистични кажувања кои се поврзани со каменот кој се наоѓа на влезот пред храмот во непосредна близина на олтарот.

krkardas кркардаш 3

Според Марко Цепенков:
„Одејќи кај Кривата воденица над градо Битола, коа ќе излезиш да завлезиш помеѓу лозјата Бадем-баалари, наречени од Турците, имат еден турцки гроб, соѕидан со еден зид од камен, колку десет чекори долго и толку широко, а внатре во гробо е празно, со трева пораснато. Во тој гроб имало закопани во старо време една девојка Туркиња со четириесет нејзини деца. Таа девојка родила четириесет деца во дваесет и четири саати и сите деца биле машки, малечки како некој пилци и сите умреле. Најпосле, откоа беше ‘и дородила децата девојката, и таа беше си умрела и тамо ја закопале сосе четириесетте и деца. И за приказ се напраил тој гроб и го нарекле Крк кардаш“.

viber image 2023 03 21 21 06 48 564
фото: Никола Талевски

Според Православниот календар:
„Свети 40 Битолски преподобномаченици се новоканонизирани македонски светители кои биле свештеници и монаси во Битола во втората половина на XIV век, кога Османлиите ја освоиле Битола. 39-те монаси и свештеници веднаш по освојувањето на Битола биле заробени од страната на Агарјаните. За време на заробеништвото и еден муслимански преведувач преминал во христијанство со што бројката пораснала на 40. На деветтиот ден од месецот 1384 година сите заробени биле погубени на Баирскиот рид во Битола“.

Писателот Владимир Костов во своето капитално дело „Црквичето четириесет маченици во Битола“ романизирана повест низ два временски дискурса го доловува физичкиот и духовниот параметар на храмот и на човечката вера. Овој роман е многу податлив за Битола, особено за обичниот, маргинализира човек. Во продолжение извадок од култниот роман „Црквичето“ и изградбата на параклисот кога подножјето на Битола беше сардисано од андартската и егзархиската пропаганда:

viber image 2023 03 21 21 06 15 125
фото: Никола Талевски

„Оној кој наутро ќе ја сфати вистината, навечер може да умре!“- древен мудрец.

„Во тоа време во градот постоеја и други цркви, во споредба со кои црквичето на Џишка било колиба. Зошто тоа им пречело? И Христос се родил во колиба. Што било тоа што, разединети по вера, по народна и политичка припадност, по сопствени интереси – што било тоа што луѓето од владеечкиот сталеж ги обединило против таа мала црква и ги натерало сè да преземат за да ја истиснат свеста од луѓето, да ја фрлат во заборав? Вистината со која зборувала! А јазикот на вистината е прост, секој да може да го разбере: Не кради, не лажи! Таа била подигната во спомен на четириесетте монаси кои, во едно време на грабеж и убиства се прифатиле за мечови и своите животи ги положиле за таа вистина. Можело, се разбира, да се подигнуваат цркви и училишта, на ако се подигнувале со истата цел со која се подигнувале мази, сарафски дуќани и банки.

viber image 2023 03 21 21 21 56 085
фото: Никола Талевски

Можело да се буди народниот дух, и народот да се просветлува, но за да можело со него да се покажува и вистината, но позлатена. А позлатена, таа повеќе не е вистина. И сите тие – богати луѓе, првенци – се бореле за народната просвета, за народната култура, подоцна и за народната слобода или, како што сами велеле за „народните работи“. А да се пикне трговецот во „народни работи“, исто е како да си го пикнал волкот во трлото. Тука бил клучот. Џишка ја подигнала својата црква без дозвола. И таа нејзина црква малку зборувала, а многу кажувала. И во името на сите сиромаси, без оглед на народноста, политичката и верската припадност.

Џишка и Момир велеле: „Еден е господ за сите!“ А тоа не смеело да се каже. Зашто и тоа: „Еден е господ за сите“ бил клуч кој ги отворал вратите на вистината. И на крајот, во малиот баирски параклис, заедно со иконата на Четириесетте маченици, баирскиот учител внесол и меч за да потсети на Четириесетте калуѓери кои во еден одреден историски миг в раце зеле мечеви. А опасно е по народните непријатели кога монаси можат и смеат да земат в раце оружје, само оние со чисти души, честољубиви, правдољубиви и човекољубиви – само тие! Сите други луѓе кои во едната рака држат крст, во другата можат да земат меч. Но крст дрвен, Христов, маченички, а не златен фарисејски, владички“.

10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …
meblo trejd za gradina косацки
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…