На европскиот турнир „ОЛИМПИК ОПЕН 2023„ кој се одржа во Скопје на 29.04.2023 год. Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 30 натпреварувачи во 42 категории и се закити со : 3 златни медали ,4 сребрени медали, 14 бронзени медалји и пехар. На овај натпревар учествуваа 900 натпреварувачи од 12 држави од Европа . Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА беше најмасовен клуб и го освои пехарот за најмасовен настап како и 3 пехари за прво освоени злата во ката тим.

IMG 955f136ca0e2abd3a514f5d7e5d5a2d5 V

На овој исклучителен турнир со златен медал се закитија:
Николај Петковски, Теофан Ивановски и Лука Гиланов во ката тим 2015/2016 М., Емилија Илковска, Елена Јончевска и Леона Алиловска ката тим 2009/2010 Ж, Александар Божиновски, Давид Стојчевски и Михаил Марковски ката тим 2009/2010М. Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски во апсолутна категорија 2016 год., Надалина Талевска 2010год, трето ниво, Николај Петковски, Магдалена Попчевска и Свидерски Божидар 2015/2016 ката тим М, со бронзен медал се закитија : Николај Петковски, Јована Јованович и Бојана Бошков ката тим 2015/2016 Ж, Николај Петковски, Магдалена Попчевска и Наталија Попчевска ката тим 2015/2016 Ж, Ива Трајковски Елена Белџигеровска и Стефан Тодоровски ката тим 2013/2014 Ж , Ива Трајковски , Виктор Ристевски и Каја Темелковска ката тим 2012/2011 Ж, Николај Петковски, Белџигеровска Елена и Николај Ивановски ката тим 2013/2014 М, Наталија Попчевска 2016 женски апсолутна, Магдалена Попчевска 2016 женски апсолутна , Јована Јованович 2016 женски апсолутна , Николај Петковски 2015 год. апсолутна машки, Виктор Ристевски машки второ ниво2012 год, Каја Темелковска женски 2012 год., Надалина Талевска 2010 женски второ ниво, Александар Божиновски 2009 год.машки апсолутна, Маргарита Велјановска, Јасна Дунгов и Надалина Талевска ката тим 2010/2011 Ж и Давид Стојчевски, Леона Алиловска и Надалина Талевска ката тим Ж кадети/јуниори
Радоста на овај успех може да се доживее само на татами.

FB IMG 1682797777855 1

„Горда сум како тренер бидеќи ова е голем успех не само за К. К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА туку и за Битола бидеќи градот на конзулите беше присутен во секоја категорија на пиедестал. Некогаш каратето во Битола умираше а сега Битола е рамноправен противник на европските клубови. На 14 мај клубот ќе настапи на Балканскиот турнир ОХРИД ОПЕН на кој очекуваме уште подобар резултат“, вели тренерот на Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА, Стевка Јанковска Петковска.

Инаку клубот постои клубот постои повеќе од 10 години, член е на карате федерација на Македонија. Клубот е основан и воден од Стефи Јанковска Петковска носител на 4 дан карате мајстор. Она што го издвојува овој клуб е што во него тренираат и деца со нетипичен развој (аутизам) , а 7 од нив настапуваат и на меѓународни натпревари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…