Во просториите на  Националната установа Универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола  на ден 12.10.2022 (среда) во салата за промоции на прв кат, ќе се одржи Вториот  Собир на факултетските библиотекари од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на тема „Библиотечната дејност на факултетските библиотеки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Собирот ќе биде отворен со воведно предавање на еминентен гостин од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија, библиотекар советник Драгана Типсаревиќ. 

На Собирот ќе бидат присутни библиотекари од училишните библиотеки, а предавањето е отворено и за сите заинтересирани.

Драгана Типсаревиќ, библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево  е  добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р. Србија за имплементација и реализација  на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. 

За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.

Библиотекарите од факултетските библиотеки ќе имаат прилика да разменат искуства и да работат на примена на стратегија за развој на библиотечната дејност на Универзитетот во Битола.

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…