347405382 632073398886245 2401275372396403069 n e1688282575433

Во Офицерски дом-КИЦ Битола со поддршка на истоимената установа се оддржа работилница „Артистот и музичката индустрија- бизнис релација или долгогодишно пријателство“.

347380850 632073562219562 7482365866042057939 n

Работилницата ја водеше Атанасија Гулевска-АТА, која со присутните ги сподели своите искуства од музичкиот менаџмент педантно спакувани во одлична, питка и корисна презентација која ги опфати поимите како; артист , креација, менаџмент, присуство на социјални мрежи, познанства, медиуми, присуство на шоукејси-саем на музичари, како функционира професионалната музичка индустрија, фестивали кои се добри за млади бендови , но и иницијативи на неформални и формални групи и младински организации како; Култура Бета, Пондер, Гола планина итн…

347259158 632073978886187 2122357514646280496 n

Одличната презентација доби свој фидбек кај присутните и ја зајакна идејата за поблиска соработка помеѓу сите оние кои се обидуваат да направат позитивни промени во локалните културни политики во делот на независната сцена.

357366311 280361554480762 2871932888649770294 n

Работилницата е дел од активностите на мини проектот „Зајакнување на независната музичка сцена во Битола“ поддржана од фестивалската мрежа @MOSTmusic.eu која има за цел зајакнување на капацитетите на локалната музичка сцена за себе организирање и подобрување на локалните културни политики во овој дел.

347425482 632073928886192 7623335249238721425 n
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…