Изложбата „Првите кралеви на Европа” која беше отворена во Филдовиот музеј од Чикаго, овозможи претставување на околу 700 археолошки предмети од 11 земји и вкупно 26 музеи во Европа. Помеѓу овие предмети, за прв пат во Америка, се изложени дваесетина предмети од три македонски музеи и тоа: НУ “Завод и музеј”- Битола, НУ “Музеј -Гевгелија” и НУ “Завод и музеј” – Прилеп.

Овој настан е дотолку позначаен, бидејќи ова е прво претставување на еден значаен сегмент од македонската култура пред пошироката американска јавност, вели директорката на НУ Завод и музеј Битола, Мери Стојанова,.

338145081 189401750542848 1396188688089147229 n

Изложбата „Првите кралеви на Европа (First Kings of Europe)“ е резултат на иницијативата на Филдовиот музеј од Чикаго и соработката со Завод и музеј – Битола, Музеј Гевгелија и Завод и музеј – Прилеп. Национален координатор на изложбата е Гоце Наумов, при што направена е селекција на повеќе предмети од неолитот, енеолитот и железното време, пронајдени на локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци.

338887316 195036773266670 411071035786473606 n

Во подготовката на изложбата од Завод и Музеј Битола учествуваа директорот Мери Стојанова и кустосот Јасмина Гулевска од Завод и музеј – Битола.

339270373 598017175374805 6821250790512674835 n
338902763 1162288947789640 2833349920112361345 n

Изложбата, која е составена од македонски и од балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк.

Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…