Ликовната есенска сезона во ЈОУ Културен информативен центар – Битола – Офицерски дом, ќе биде збогатена со презентација на 19 -то издание на  големата меѓународна ликовна изложба ААМА“.

„ААМА“ на своето интерконтинентално патување ќе биде изложена во светските галериските простори во познатите центри во Европа, Африка, Азија и Америка. Изложбата доби поддршка и одговор од уметници од  повеќе од 80 земји, интерес што го мотивираше изборот на 120 уметници.

Во подготовката, селекцијата, кураторството и многу други активности учествуваа голем број на истакнати ликовни уметници, куратори, ликовни критичари, културни работници од голем број земји како: Марија де ла Вега – Аргентина, Марио Квадрароли и Марио Диеголи и професорот Ренато Галбусера – (Италија), Мартин Кенеди (Сејшели), Валерио Вивијан (Венеција), Мартин Бредли (Велика Британија) и Мухамед Ројана (Тајланд), Теја Лами (Финска), Јорис Брантуас (Монако), Владо Горески и Лили Бошевска (Македонија), Филип Читарини (Франција), Арлиндо Арес (Португалија).

Poster izlozba

Изложбата е уникатна тематски, по бројот на застапени уметници, техниките кои се користени, времетрањето, географската застапеност и секако по благородната идеја и порака која ја пренесува оваа светска изложба. Со вернисаж презентирањето на оваа значајна изложба, ЈОУ Културен иинформативен центар – Битола ја интезивира својата меѓународна ликовна соработка и го етаблира Офицерски дом како галериски простор со сериозни ликовни можности и меѓународна препознатливост.

Воедно овој преглед ќе биде дел од меѓународните прегледи на истата изложба кои се случија и ќе се случуваат во најистакнатите ликовни центри: Аргентина, Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Македонија, со завршна изложба на почетокот на 2023 година во Пекинг – Кина.

Следната година Битола преку преку овој настан ќе биде носител на главниот проект кои истотака , понатаму ќе биде дистрибуиран во значајни ликовни центри во светот.

    Не споредувајте се со никого, секој си има свој единствен животен пат
    Ова нека биде ваш потсетник дека секој од нас си има свој …
    „Сакам да раскажувам длабоко човечки приказни“ – разговор со режисерката Тамара Стојаноска
    Тамара Стојаноска, театарска режисерка родена во Прилеп, своето уметничко образование го започнува …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

    Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…