Битолските боксери, браќата Ален и Ружди Рустемовски како дел од тимот на македонскиот клуб Вардар ќе настапат на Регионалната лига во бокс во Бања Лука, на која учество ќе земат балканските земји: Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Ален Рустемовски ќе боксува во категоријата до 57 кг против боксерот од Србија Милан Чакширан.

Ружди Рустемовски ќе боксува во категоријата до 60 кг против боксерот од Србија Филип Џида. Македонскиот тим Вардар отпатува за Бања Лука со 8 боксери, од кои 4 јуниори и 4 сениори.
„Нашите боксери Ален и Ружди се добро подготвени за овој натпревар и атакуваат на победи“ рече за Читај Бе, нивниот тренер Јове Петровски Оцо.


Кој е посреќен, а кој попаметен – љубителите на кучиња или мачки?
„Кавгата“ околу тоа дали се подобри кучињата или мачките трае отсекогаш, а …
Не заборавај кој беше покрај тебе кога ти беше најтешко
Во животот сите нè следат убави зборови кога сè оди лесно. Но, …









