Денеска, на 29. 09.2022 година се одржа 17-тата „Роднокрајна средба со битолските писатели“ на која присуствуваа: Елизабета Јончиќ, Добре Тодоровски, Љубе Митрејчевски, Сања Видановска-Мучкајева, Михајло Свидерски, Славица Свидерски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Даниела Андоновска-Трајковска, Мирјана Стојановска, Зоран Пејковски и Милица Димитријовска-Радевска.

309502920 472929768209346 5788456371239246106 n

Оваа година средбата беше од отворен тип на која покрај битолските писатели присуствуваа и ученици од СОУ„Таки Даскало“ и ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“-Битола и останати гости.

309875882 472929151542741 6127659676589957678 n
309379983 472929271542729 5509558403400482780 n

Средбата ја отвори директорот на НУУБ„ Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски кој им се обрати на присутните гости и се заблагодари на библиотекарот советник во пензија Николче Велјановски за досегашното негово ангажирање во организирање на роднокрајните средби. А на новиот координатор на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и посака успешна работа.

309993234 472929208209402 2641009859874253957 n
309567242 472929394876050 8993717454261935731 n

На средбата присутните имаа можност да слушнат нови дела на битолските писатели и да им постават низа прашања.

309393047 472930028209320 5845253437771751350 n 1

На оваа средба се разговараше и за воведување на наградата „Роднокраен автор на годината“ во неколку категории како и за критериумите за добивање на наградата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…