Изложбата на фотопортрети „И јас сум тука“ на авторите Тоше Огњанов и Сребра Ѓорѓијевска ќе биде отворена на 30 септември во 19 часот во Центарот за култура во Битола. Изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив. Меѓу 20-те портрети задоволство ни е да споделиме дека се застапени и пет лица кои се дел од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“.

„И јас сум тука“ е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, чиј иницијатор е театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година. Здружението на граѓани за поддршка на лицата со посебни потреби „Солем“ преку разни активности се вклучи во проектот за што повеќе деца во земјава да бидат опфатени преку активности реализирани во училиштата.

изложба
I AM HERE TOO – plakat FINAL za pechat

Целта на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ е да се смени стереотипното однесување кон луѓето со попреченост, да се намалат стигмите и да се крене свесноста за интелектуалната попреченост, вели Ануки Стуруа, проект-менаџер на „Децата не се раѓаат со предрасуди“.

„И јас сум тука“ е едно големо патување и за нас. Се роди од потребата да зборуваме гласно за луѓето што се меѓу нас, а кои понекогаш се правиме дека не ги гледаме, ниту сакаме да ги слушнеме. Да зборуваме гласно и без грутка во грлото за луѓето што само сакаат да бидат поздравени, почитувани, сакани, да бидат дел од целото. „И јас сум тука“ е можеби многу поважно патување за сите нас да се свртиме кон себе и кон другиот, да го погледнеме другиот и да му ја почувствуваме душата, која многу често е повредувана. Предрасудите лесно се создаваат, а тешко се надминуваат“ – велат авторите.

Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент, сценарист Пер Јохансон.

На настанот ќе бидат промовирани и книгата „И јас сум тука“, во која се сместени сите приказни на луѓето-учесници на изложбата, како и македонскиот превод на „Не престанувајте да се гушкате“ од Оса Емрот, книга со цитати на актерите од театарот „Глада Худик“ од Шведска.

Изложбата „И јас сум тука“ беше прв пат претставена пред јавноста во ноември во Кинотеката на Македонија, потоа отпатува во Струга, Гевгелија, Богданци.

МОДНА РЕВИЈА: ОД „ГЛАДА ХУДИК“ ДО ЊУЈОРК

Документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског е популарен филм во Шведска во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“, на кои им се остварува животниот сон да учествуваат на модна ревија во Њујорк.

изложба 2

Сценариото е на Терезе Брингхолм, Лиа Сидерштром, Јохан Ског. Улогите ги толкуваат: Ема Ертлунд, Никлас Хилберт, Пер Јохансон, Ида Јохансон, Аника Гранлунд Јонсон и др.

Во филмот играат актери од театарот „Глада Худик“, кој е основан во 1996 година од Пер Јохансон, кој смета дека секој од нас треба да биде продолжена рака на луѓето што имаат некаква попреченост. Актерите во овој театар се вистински ѕвезди во Шведска и помогнале многу во борбата со предрасудите кон лицата со интелектуална попреченост.

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

    По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…