Моќта на книгата е во нејзината безвременост. Она што денес е запишано, ќе остане за генерации, како отисок на духот на едно време.

Писателот Михајло Свидерски вечерва во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерскиот дом пред своите битолчани ја промовираше својата најнова книга, романот „Синовите на Адам“.

309671064 181246251058960 1049239535752159769 n
309002147 1542950286145130 2341385655016466558 n

Промотори на книгата беа Љубинка Донева и Елизабета Јончиќ.

309639848 181246094392309 2931956885896314299 n

„Синовите на Адам“ е роман за хероите кои смело се извлекуваат од мракот и чекорат кон светлината. Приказната нѐ води низ најпотресните случувања на македонското транзициско општество, и укажува на последиците што обично ги понедуваат недолжните. Романот обработува потресна, вистинска животна приказна за страдањето на едно дете, кое паѓа во мрежите на настраните забави како објект на мрачните уживања на елитите. Во големите куќи на елитните населби на Скопје, во темните соби се носат деца заради забава. Рајот за оние што можат да си дозволат сѐ што ќе посакаат станува пекол за оние што излегуват оттаму.

309558427 181246157725636 6722712631209041203 n
309082115 1290285168439686 3523522567149554382 n

Романот отвора досега неотворени и табуизирани теми во македонската книжевност, што го прави Свидерски редок автор што ѕирнува во најтемните страни на македонското транзициско општество.

309353430 1311983796206219 2521478256737899413 n
михајло свидерски

Михајло Свидерски е автор на три романите „Бело и Црвено“, „Последните денови на Ханс“ и „Синовите на Адам“, како и на четири поетски збирки. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди. Преведуван е на англиски, руски, арапски, шпански, грчки, унгарски, баскиски, српски и бугарски јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…