Сабота, на 1 октомври со почеток од 10 часот на плоштадот Магнолоја во Битола ќе се одржи хуманитарниот настан „Сите заедно во борбата со канцерот”, во организација на Тамара Илиевска и Викторија Брдаровска од Здружението за заштита од сите аспекти – Виктори – Битола. Изминатиов период тие организираа хуманитарна акција за собирање коса која ќе биде наменета за правење перики наменети за лицата болни од рак.

Поразговаравме со Тамара, чија мајка се избори со ракот на дојка, а тој период бил најтежок за неа и нејзината сестра. Во акцијата за донирање коса се вклучени лица од цела Македонија, а средствата кои ќе се соберат од базарот во сабота, ќе се донираат за пациентите кои се лекуваат на околошкото одделение во Скопје.

FB IMG 1664474340664

Читај бе: Кажи ни нешто повеќе за настанот кој ќе го организирате во сабота…

Тамара: Настанот ќе се одржи на плоштадот Магнолија со почеток во 10 часот. Во рамките на настанот ќе имаме базар, музички настап и трибина на која ќе учествуваат доктори.

Читај бе: Која беше причината за да се организира овој хуманитарен настан?

Тамара: Овој хуманитарен настан за мене е од многу големо значење. Во 2015 година мојата мајка беше болна од рак на дојка и додека беше во процесот на лечење, додека примаше хемотерапија и отпадна косата, а во тој момент за мене и сестра ми како деца, посебно како девојчиња тоа беше нешто најстрашно. Па затоа си имав ветено дека после матура и јас мојата коса ќе ја донирам за некое дете кое се бори со оваа болест. И така како наближуваше времето јас сé повеќе размислував и дојдов на идеја да не биде само моја донација да направам нешто поголемо и да помогнам на повеќе деца и млади.

FB IMG 1664474266734

Читај бе: Кој сé ќе учествува и за кого ќе бидат наменети средствата?

Тамара: Во базарот ќе учествуваат околу 30 ракотворци од Битола, но исто така ќе имаме и гости од Прилеп, Охрид и Скопје. Хуманитарниот настан ќе го отвориме со ДЈ Љубиша, а подоцна ќе настапат групата Аманет и настанот ќе го затвориме со Никола Зацески и неговиот бенд. Исто така во 12 часот планирано е да се одржи трибина на која ќе гостуваат доктор гинеколог и психолог.

Средствата ќе бидат наменети за лица заболени од канцер кои во моментот се лекуваат на онколошкото одделение во Скопје. 

FB IMG 1664474322513

Читај бе: Изминатиот период беше донирана и коса. Кажете ни нешто повеќе за тоа, кој сé се вклучи и каде ќе биде донирана косата?

Тамара: Во акцијата се вклучија луѓе од цела Македонија, од сите градови. Се разбира најголем дел беа од Битола, но многу луѓе нé контактираа и ни праќаа по карго.

Косата ние ја праќаме до Сашка Кузманова од Кавадарци која е прва во Македонија што изработува перики од природна коса.

Читај бе: Која е вашата порака….

Тамара: Секој да прави редовни контроли со што цел навремено да се открие доколку има нешто затоа што здравјето ни е најважно.

meblo trejd cesmi во боја
Брокулата – хранлива ризница на здравјето
Брокулата е еден од најхранливите зеленчуци кои можете да ги додадете во …
Бидете толку сигурни во себе за никој да не може да ве омаловажи
Бидете толку сигурни во себе така што никој друг не може да …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Самото читање на „Пролет” од Блаже Конески ја створи мелодијата за песната – интервју со Сара Петровска

Сара Петровска е дипломирана оперска пејачка. Родена 1997 година, во Битола, каде…