bidi svoja 72

Битола утре ќе биде центар на женската енергија, инспирација и движење. На 20 јуни, градот ќе ја пречека „Женската ноќна трка – Биди Своја 2026“, настан кој веќе традиционално ги обединува жените од сите генерации во духот на поддршка, здравје и самодоверба.

12:00 – Панел дискусија „Жена во движење“ – Хотел „Бела Куќа“

Денот започнува со инспиративна панел дискусија посветена на теми што ја засегаат секоја жена: физичко и ментално здравје, справување со стрес, хормонални промени, самодоверба и грижата за себе во брзото секојдневие. Панелистките – Д-р Виолета Николова, Билјана Атанасовска и Маја Атанасовска, под модерација на Сунчица Аровска, ќе понудат практични совети, искуства и мотивација.

19:30 – Главен настан пред Офицерски дом

Вечерта започнува со енергичен и забавен програм:

  • Настап на децата од ТСК Спартакус
  • Танцови кореографии и спортска анимација
  • Загревање за сите учеснички со Миа Фит, сертифициран Kangoo Jumps инструктор

Во 19:55 часот, сите учеснички ќе бидат повикани на стартната позиција – момент кога адреналинот расте, а атмосферата станува електрична.

По трката – Прогласување и наградување

По завршувањето следува свечено прогласување на победничките во повеќе категории:

  • Генерален пласман
  • Возрасни категории
  • Најбрза Битолчанка
  • Најбрзи тимови и компании
  • Категорија 60+
  • Специјални признанија и изненадувања

Настанот ќе заврши во духот на заедништво, поддршка и славење на женската сила – вечер исполнета со емоции, енергија и мотивација.

Триото Интерарт настапи во Рим – македонската камерна музика на сцената на Teatro di Marcello
Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде …
Три европски дестинации за незаборавно есенско патување
Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура …
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…

Интервју со Маја Атанасовска, организатор на првата женска трка во Битола – Биди своја

На 17 јуни во Битола ќе се одржи првата ноќна женска трка…