pivska milja naslovna

Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за првпат се организира во Македонија – „Пивска милја“. Настанот ќе се одржи на 31 јули во Градскиот парк во Битола и ветува несекојдневно искуство за сите љубители на рекреацијата, пивото и добрата забава.

Станува збор за натпревар кој комбинира трчање и консумирање пиво, концепт популарен во повеќе земји низ светот, а сега за првпат ќе биде претставен и пред македонската публика.

Учесниците ќе треба да совладаат патека долга 1.600 метри, додека во текот на трката ќе имаат и дополнителен предизвик – вкупно 1.600 милилитри пиво до финишот. Организаторите најавуваат дека покрај спортскиот дел, посетителите ќе можат да уживаат и во богата забавна програма со бројни активности пред и по трката.

pivska milja 4

За најуспешните натпреварувачи се предвидени оригинални награди – литри пиво, а организаторите најавуваат одлична атмосфера, дружење, музика и многу смеа.

„Пивска милја не е само трка, туку и најзабавниот after-work собир во градот. Не мора да учествувате за да бидете дел од приказната. Дојдете со пријателите, навивајте за натпреварувачите и уживајте во вечер исполнета со позитивна енергија“, порачуваат организаторите.

Настанот е отворен за рекреативци, љубители на пиво, спортски ентузијасти и сите кои сакаат да бидат дел од нешто поразлично и несекојдневно.

Дополнителни информации за пријавувањето, стартот на трката и целосната програма ќе бидат објавени наскоро.

pivska milja

На 31 јули, Битола ќе покаже дека кога битолчани ќе посакаат – можат и да трчаат и да пијат, истовремено.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…