uklo 2

Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (УКЛО) со задоволство ја информира јавноста дека е рангиран во THE Impact Rankings на реномираната британска куќа Times Higher Education (THE) — единственото глобално рангирање што го мери придонесот на универзитетите кон 17-те Цели за одржлив развој на Обединетите нации (SDG17). Ранг листата е објавена денес 24.06.2027 на веб адреса: https://www.timeshighereducation.com/impactrankings

Според објавените резултати, УКЛО е рангиран во опсегот 1001–1500 место на глобално ниво, со особено истакнати резултати (рангиран од 400 до 600 место) кај целите на одржлив развој 8. Достоинствено вработување и економски раст и 16. Мир, правда и силни институции.

Што всушност мери ова рангирање

За разлика од традиционалните светски рангирања, кои го оценуваат академскиот престиж и истражувачката моќ, THE Impact Rankings го мери реалното општествено влијание на универзитетите — нивниот придонес кон одржливоста, инклузијата, климатската акција, квалитетното образование и партнерствата за развој.

Секоја институција се оценува по вкупниот придонес кон остварување на SDG 17 (Целите на одржлив развој), заедно со нејзините пет најдобро рангирани цели. Се вреднуваат четири димензии: истражувањето, институционалното управување (внатрешни политики и практики на самиот универзитет), активностите кон заедницата (outreach) и наставата поврзана со секоја од целите.

Како ова рангирање се разликува од другите релевантни светски рангирања

Во меѓународниот простор вообичаено се цитираат три престижни референтни рангирања, секое со различна перспектива:

  • QS World University Rankings — се темели претежно на академска и работодавачка репутација, цитираност и интернационалност. (УКЛО е рангиран на QS европската листа)
  • THE World University Rankings кое ги мери наставата, истражувачката средина, квалитетот на истражувањето, меѓународната ориентираност и приходите од индустрија. (УКЛО е референциран, но не и рангиран)
  • ARWU (Shanghai Ranking) — силно насочено кон елитни истражувачки резултати, Нобелови награди и високоцитирани истражувачи. (УКЛО не е рангиран)

Додека овие три рангирања одговараат на прашањето „Колку е силен универзитетот академски и репутациски?”, THE Impact Rankings одговара на прашањето „Колку универзитетот придонесува за општеството и одржливиот развој?” Станува збор за комплементарни, а не исклчиви показатели.

Зошто ова рангирање е особено значајно за УКЛО како регионален универзитет

Рангирањето во THE Impact Rankings има посебно значење за УКЛО токму поради неговата мисија како регионален универзитет длабоко вкоренет во заедницата:

  • Прво, ова рангирање ни овозможува УКЛО како универзитет со изразено општествено и регионално влијание да се истакне на глобалната сцена според конкретни, мерливи резултати.
  • Второ, рамката на SDG директно се совпаѓа со приоритетите на европските фондови (Horizon Europe, Erasmus+, Creative Europe), кои сè повеќе ги вреднуваат одржливоста, инклузијата и општественото влијание. Признанието го зајакнува наративот и кредибилитетот на УКЛО при идни апликации и меѓународни партнерства.
  • Трето, овој резултат е објективно меѓународно потврдување на улогата што УКЛО ја има во развојот на југозападниот регион — преку образованието, соработката со локалните заедници, институции и стопанството, и придонесот кон одржлив, инклузивен развој.

Ова рангирање за УКЛО го валидира и нашетоучество во Европската универзитетска алијанса COLOURS која има мисија во согласност со SDG17 (Целите на одржив развој) бидејќи COLOURS означува Соработувачки, иновативни, одржливи регионални универзитети (COLlaborative innOvative sUstainable Regional univerSities)

Рангирањето во THE Impact Rankings е признание дека вистинската вредност на еден универзитет не се мери само со академскиот престиж, туку и со реалниот придонес што го дава за луѓето и заедницата. За УКЛО, како регионален универзитет, ова е потврда дека нашата мисија — образование во служба на општеството и одржливиот развој — има тежина и видливост на глобално ниво.

Што се подготвува: Дали Алберт Ќеримов подготвува голем проект во Охрид?
Пред неколку месеци, името на Алберт Ќеримов беше тема на бројни разговори, …
Филип Ангов: „Музиката ја правам од љубов, а успех е кога искрено ќе допре до луѓето“
Разговараше: Сара Танаскоска Младиот музичар Филип Ангов чекор по чекор го гради …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…