monodrama zatvoranje

Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа во Битола свечено беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. За најдобрите остварувања одлучуваше стручното меѓународно жири составено од Керолајн Бернс Кук, Анџелина Роска и Кире Ѓоревски.

Наградата за најдобар актер ја доби Јано Изорија од Грузија за улогата во претставата „КВАРКВАРЕ“, во продукција на театарот „Поти Валеријан Гунија“, во режија на Саба Асламазишвили. Жирито оцени дека станува збор за брилијантна изведба со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, која го задржува вниманието на публиката од почеток до крај. Особено беше нагласена разновидноста на актерските изразни средства и длабочината во градењето на ликот.

Наградата за најдобра режија ѝ припадна на Жива Бизовичар за претставата „ЏЕКИ“, во продукција на Драмски театар од Македонија, со актерката Трајанка Илиева – Вељиќ. Според жирито, режијата се одликува со суптилна работа со актерот, органско водење низ различни внатрешни состојби и прецизно изграден темпо-ритам.

monodrama zatvoranje1

Гран при наградата ја доби претставата „#НОТИ“ од Романија, во продукција на театарот „Тони Буландра“, во режија на Касандра Топологеану, со актерката Андреа Танасе. Жирито истакна дека станува збор за современ театарски проект кој успешно ги обединува физичкиот театар и психолошката димензија, отворајќи теми за изолација, насилство и женственоста, поддржани со силна сценографија и звучна атмосфера.

Наградата од публиката ја доби претставата „ЏЕКИ“, со што ова остварување доби двојно признание.

Со ова заврши уште едно успешно издание на фестивалот, кој и годинава донесе богата програма и врвни актерски достигнувања од повеќе земји, потврдувајќи го своето значење како важна меѓународна театарска платформа.

Правилна исхрана за млади спортисти -Клуч за успех и енергија
Правилната исхрана е клучен фактор за развојот и успешноста на младите спортисти. …
Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…